Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Македонско – словенечки Бизнис форум со ИТ Компании

На 29.10.2012 (понеделник) во просториите на Стопанска Комора на Македонија се одржа Бизнис форум со словенски компании. Форумот беше организиран од страна на МАСИТ во соработка со МИОА, Сојуз на стопански комори на Македонија и Словенечката Амбасадата во Р.Македонија.Бизнис форумот беше отворен со поздравно обраќање на Министерот за Информатичко Општество и Администрција г-дин Иво Ивановски, Претседателот на МАСИТ – г-дин Игор Бимбилоски и Претседателот на ИКТ Комората г –дин Сашо Огненовски.

 

biznisforum1


Словенечката делегација беше предводена од министерот за правда и јавна администрација, Сенко Пличанич, а во нејзин состав беше и директорот на Здружението за информатика и технологија при Стопанската Комора на Словенија, Душан Жупанчиќ, како и претставници од 9 реномирани словенечки компании кои остваруваат активна и успешна соработка со словенечката државна администрација, и нудат високо квалитетни технолошки решенија од областа на е-владините услуги.


Преку остварените Б2б средби, македонските и словенечки компании имаа можност да  разменат сопствени искуства и совети од областа на ИКТ индустријата, да ги проследатобостраните презентации на услуги за е-Влада, при што заеднички да констатираат дека двете земји можат интензивно да соработуваат во наредниот период.

 

Makedonsko_-_Slovenecki_Biznis_Forum_1


Пред одржувањето на македонско-словенечкиот Бизнис форум, министерот Ивановски оствари работна средба со министерот за правда и јавна администрација, Сенко Пличанич, на која беа разменети искуства од двете земји, но се утврдуваа и правците на понатамошната соработка на ниво на министерства и на владино ниво.


ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018