Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Промоција на потенцијалите на македонската ИКТ индустрија

На 20.11.2012 (вторник) во новите простории на Министерството за надворешни работи се одржа настан во насока на Промоција на потенцијалите на македонската информатичко - комуникациска индустрија. Настанот беше организиран во рамки на проектот за промоција на македонските извозни капацитети, од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, каде пред претставниците на дипломатскиот кор се реализираше презентација на капацитетите и извозните потенцијали на информатичкиот и комуникациски сектор во Република Македонија.      

mnr11

Свое обраќање имаше  Министерот за надворешни работи, г – дин Никола Попоски кој нагласи дека македонскиот ИТ сектор е со највисока стапка на раст во однос на сите други земји во поширокиот регион, како и Претседателот на МАСИТ, г – дин Игор Бимбилоски , при што се потенцира дека настаните од овој тип претставуваат привилегија и шанса за компаниите од ИТК секторот за изнаоѓање на нови контакти и пазари. Понатаму беа проследени презентациите на осум компании членки на МАСИТ кои поединечно ги претставија своите потенцијали и капацитети пред присутните.      

mnr2

По завршување на настанот следеше Networking коктелот, на кој македонските компании имаа можност да разменат сопствени искуства и совети од областа на ИКТ индустријата во насока на  подобрување на извозот со претставниците на дипломатскиот кор во Република Македонија.

Медиумска покриеност на настанот:

http://www.sitel.com.mk/vo-mnr-prezentirani-izvoznite-kapaciteti-na-makedonskata-informatichka-tehnologija

http://www.24online.mk/1116520/indexed.html

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&egId=7&eventId=58622

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018