Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан настанот “Girls in ICT 2013“

На 08.05.2013, во просториите на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје, под покровителство на Министерството за информатичко општество и администрација, по втор пат во Р. Македонија беше одбележан Меѓународниот „Ден на девојките во технологијата 2013“. Настанот “Girls in ICT” е инициран од членките на Меѓународната телекомуникациска унија, односно International Telecommunication Union – ITU на Конференција во Мексико, одржана во октомври 2010 година.

Одбележувњето на Меѓународниот „Ден на девојките во технологијата 2013“ во Р. Македонија, беше поддржано од бизнис заедницата претставувана од МАСИТ – Стопанска комора за ИКТ, деловни жени, сопственички и претставнички на реномирани ИКТ компании, како и професорки по информатика од десетина средни училишта.

Girls_in_ICT_slika

Активностите во рамките на оваа кампања стимулираат подигнување на свеста помеѓу младата популација, особено помеѓу генерациите кои посетуваат средно образование, со цел да го продолжат своето образование на факултетите на кои се изучуваат информатичко - комуникациски технологии.

Со поттикнување на повеќе припаднички на понежниот пол да се запишуваат на ИКТ факултети, ќе се овозможи рамнотежа на застапеноста помеѓу двата пола, но она што е најважно, ќе се зголеми вкупниот број на работна сила од ИКТ областа во Република Македонија.

Girls_in_ICT_slika_2

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот „Ден на девојките во технологијата”, свое обраќање имаа г-ѓа Марта А. Томовска – Заменик министер за информатичко општество и администрација, г-ѓа Анита Никова – Извршен директор на МАСИТ и г-ѓа Ирена Поповиќ – Некстсенс, додека од страна на компаниите членки на МАСИТ беа доделени награди и стипендии за најуспешните средношколки - учесници во проектите кои беа реализирани во рамките на ова кампања.

На светско ниво на овој настан се придружија 70 земји кои го прославуваат Денот на девојките во ИКТ со цел да помогне да го најдат својот интерес во областа на компјутерските науки. Спроведените анализи покажуваат дека  во следните 10 години во рамки на Европската унија ќе се отворат 700.000 работни места повеќе отколку што ќа има квалификувани и едуцирани информатичари, а на светско ниво таа броја ќе биде 2.000.000.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018