Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МАСИТ и ГОА

GOA_logo

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Германската Аутсорсинг Асоцијација (German Outsourcing Association - GOA), потпишаа Меморандум за разбирање соработка во насока на споделување искуствата и најдобри практики од областа на аутсорсинг и поттикнување на истражувања и технолошка соработка помеѓу членови на ГОА и МАСИТ а со целзаеднички да се промовира соработка за развој на бизнис можностите.

Германската Аутсорсинг Асоцијација (GOA) ги застапува интересите на аутсорсинг професионалците и организациите од германското говорно подрачје и е самостоен и независен партнер на аутсорсинг корисници, консултанти и глобални провајдери на услуги. ГОА обезбедува информации за DACH земјите, за аутсорсинг дестинациите и го промовира глобалниот трансфер на знаење преку собирање и споделување на релевантни информации и најдобри практики од глобалните провајдери на услуги. Нејзината цел е да изгради размена на витално знаење меѓу сите чинители инволвирани во пазарот. ГОА обединува повеќе од  11.000 носителие на одлуки и извршни директори во DACH земји а на глобално ниво одржува широка мрежа на партнерства со независни експерти, организации и „knowledge”партнери.

МАСИТ претставува волонтерска, непрофитна  Стопанска комора и е гласот и ресурсот на Македонската ИКТ индустрија. Ги поддржува своите членови да станат поконкурентни, се стреми да развие побарувачка за Македонските ИКТ решенија, да ја позиционира ИКТ како стратешка индустрија и има за цел да ја подобри достапноста на квалификувана работна сила во ИКТ секторот.

За повеќе информации околу активностите и соработката меѓу МАСИТ и ГОА контактирајте не на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  и  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  , а повеќе информации за German Outsourcing Assocation можете да најдете на нивната официјална веб страна www.outsourcing-verband.org

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018