Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

E-Government & SEEITA Open Days Conference

Untitled 

E-Government & SEEITA Open Days Conference

24ти – 25ти Октомври 2013

Музеј на македонска борба (ул. Иљо Војвода, бб), Скопје, Македонија

www.seeita.org

   

     Ни претставува чест и задоволство да ја најавиме E-Government and SEEITA Open Days Conference, која ќе се одржи на 24ти и 25ти Октомври 2013, во Музејот на македонската борба (ул. Иљо Војвода, бб), Скопје, Македонија.

     Оваа година, како надополнување на традиционалната СЕЕИТА и МАСИТ Отворени денови, конференцијата ќе биде организирана во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), Француската амбасада, Ubi France и Adetef. Конференцијата претставува можност за поврзување на напорите помеѓу Владата и ИКТ бизнис заедниците во Република Македонија и Франција, како и подобрување во областа “E – Влада” преку иновација, претприемништво и трансфер на експертиза и искуство.


     Конференцијата претставува одлична можност за да се добие увид што Владата на Република Македонија има направено досега во областа “E – Влада”, кој е моменталниот статус на развој, како и кои се плановите за во иднина. Дополнително, на конференцијата ќе се даде приказ на искуството на француските компании во делот на градење на “Е - Влада услуги и решенија” и капацитетот на македонските ИКТ компании за развој на “Е - Влада решенија”. Исто така на конференцијата ќе се обезбеди платформа за идните потенцијални соработки помеѓу македонските и француските компании. Други теми кои ќе бидат дел од конференцијата се: Cloud computing, Mobile technologies и Outsourcing partnerships.


     Земајќи го во предвид регионалниот карактер на SEEITA (South East Europe ICT Associations), посебен акцент ќе биде ставен на  регионалната соработка помеѓу земјите од Југоисточна Европа во развојот на извозните капацитети, како и поврзување на аутсорсинг проекти. Во рамки на конференцијата, ќе се организираат и Б2Б средби, кои ќе бидат организирани за секоја заинтересирана компанија – учесничка на конференцијата.

     Добредојдени се сите претставници од македонската ИКТ бизнис заедница, француската ИКТ бизнис заедница, ИКТ компаниите од Југоисточна Европа, како и други заинтересирани домашни или интернационални страни.


     Повеќе информации околу истата можете да прочитате на www.seeita.org. Доколку имате дополнителни прашања, ве молиме контактирајте не на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

     Се надеваме дека ќе бидете дел од конференцијата!                                                                         

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани