Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Известување за медиуми

 

Конференција за Е-Влада и СЕЕИТА Отворени денови

На 24-ти и 25-ти октомври 2013, во Скопје, во Музејот на Народна Борба, Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии-МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Амбасадата на Република Франција во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства-ADETEF и француската агенција за промоција на извозот - UBIFRANCE, организира Конференција за Е-Влада и СЕЕИТА Отворени Денови www.seeita.org, како еден од најзначајните настани во областа на ИКТ во Југоисточна Европа.

Министерот за информатичко општество и администрација, Г-дин Иво Ивановски, Амбасадорката на Република Франција, Г-ѓа Лоренс Оер и Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Г-дин Слаѓан Михајловски, се очекува да се обратат на присутните.  

На конференцијата ќе бидат презентирани достигнувањата на Владата на Република Македонија во развојот на „E– Влада“,како и тоа кој е моменталниот статус и ИКТ плановите одредени владини институции во иднина. Дополнително, ќе бидат споделени искуствата на француските компании и капацитетот на македонските компании од ИКТ индустријата во делот на градење и развојот на „Е - Влада услуги и решенија“. 

Конференцијата претставува можност за поврзување на напорите помеѓу Владата и ИКТ бизнис заедниците во Република Македонија и Франција, како и подобрување во областа „E – Влада преку иновација, претприемништво и трансфер на експертиза и искуство. Дополнително за време на конференцијата  ќе има простор за запознавање со новостите во клауд- компјутингимобилни технологии, како и можност за средби на асоцијациите од регионот на Југоисточна Европа“-изјави Слаѓан Михајловски, претседател на Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии. 

Со поддршка на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, за компаниите-учеснички на конференцијата ќе бидат организирани деловни средби со цел воспоставување на потенцијална соработка помеѓу македонските, компаниите од регионот и Западна Европа. Дополнително, на конференцијата ќе биде организирана и панел дискусија за асоцијациите од регионот кои ќе дискутираат за извоз на софтвер и ИТ услуги.

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018