Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана средба во Владата на РМ

Одржана средба со Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Г-ѓа Томовска, и Советникот за образование во кабинетот на премиерот на РМ, Г-дин Кралев во врска со Проектот за ангажирање на докажани странски експерти и користење на нивната стручна помош од страна и во функција на потребите на компаниите во Република Македонија

 

МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии со своите членки беа поканети на средба со Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Г-ѓа Марта А. Томовска, и Советникот за образование во кабинетот на премиерот на РМ, Г-дин Панче Кралев за презентација на Проектот за ангажирање на докажани странски експерти и користење на нивната стручна помош од страна и во функција на потребите на компаниите во Република Македонија.

Во склоп на средбата членките на МАСИТ имаа можност да се запознаат од поблиску со проектот и имаа можност да поставуваат прашања поврзани со темата.

   DSC_0653

 

Ценејќи ги знаењето и стручноста на докажани експерти од Германија, Холандија, Швајцарија и САД, како и позитивните искуства кои домашните компании ги имале со ангажман на таквите експерти, Владата на Република Македонија ја презема оваа мерка.

 DSC_0694

 

Водејќи се од политиката за унапредување на деловното окружување, потребно е постојано да се работи на подобрување на бизнис климата, унапредувањето на условите за економски раст и зајакнување на конкурентноста на домашните компании.

 DSC_0669

Поради тоа, заменик министерката и советникот ги охрабри и покани ИТ компаниите да аплицираат на повикот и да пројават интерес за користење на оваа можност, која би можела да придонесе за поголема продуктивност, ефективност и ефикасност, како и да ги направи конкурентни производите или услугите кои тие ги нудат.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018