Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана Конференцијата за Е-Влада и СЕЕИТА Отворени Денови

 

На 24-ти и 25-ти октомври 2013, во Скопје, во Музејот на Народна Борба, Стопанската Комора за Информатички и Комуникациски Технологии - МАСИТ во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Амбасадата на Република Франција во Македонија, Агенцијата за меѓународна техничка соработка на француските министерства - ADETEF и француската агенција за промоција на извозот - UBIFRANCE, организираше Конференција за Е-Влада и СЕЕИТА Отворени Денови www.seeita.org, како еден од најзначајните настани во областа на ИКТ во Југоисточна Европа.

  DSC_0137

Mинистерот за информатичко општество и администрација, Г-дин Иво Ивановски, Амбасадорката на Република Франција, Г-ѓа Лоренс Оер и Претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Г-дин Слаѓан Михајловски, се обратија на присутните.

На конференцијата беа презентирани достигнувањата на Владата на Република Македонија во развојот на „E– Влада“, како и тоа кој е моменталниот статус и ИКТ плановите одредени владини институции во иднина. Дополнително, беа споделени искуствата на француските компании и капацитетот на македонските компании од ИКТ индустријата во делот на градење и развојот на „Е - Влада услуги и решенија“.

 DSC_0132

Конференцијата претставуваше можност за поврзување на напорите помеѓу Владата и ИКТ бизнис заедниците во Република Македонија и Франција, како и подобрување во областа „E – Влада“ преку иновација, претприемништво и трансфер на експертиза и искуство. Дополнително за време на конференцијата имаше простор за запознавање со новостите во клауд- компјутинг и мобилни технологии, како и средби на асоцијациите од регионот на Југоисточна Европа“ - изјави Слаѓан Михајловски, претседател на Стопанска Комора за Информатички и Комуникациски Технологии.

Со поддршка на проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот, за компаниите-учеснички на конференцијата беа организирани деловни средби со цел воспоставување на потенцијална соработка помеѓу македонските, компаниите од регионот и Западна Европа. Дополнително, на конференцијата беше организирана и панел дискусија за асоцијациите од регионот кои дискутираа за извозот на софтвер и ИТ услуги.

• За конференцијата беше пренесена информација на следниве медиуми:

Telegraf:http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/53127-konferencija-e-vlada-prezentacija-na-dostignuvanjata.

Kanal 5: http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=20634

Lider: http://lider.mk/2013/10/24/e-vlada-konferencija/

A1on: http://a1on.mk/wordpress/archives/225662

Sitel: http://www.sitel.com.mk/mk/konferencija-za-e-vlada-0

Net Press: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=140880&kategorija=1

InPress: http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=EB43B1D750688249A1D982C4C1049B6A

Republika: http://republika.mk/?p=145213

Vecer: http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=AC2AE4F1F4D99B498E358C4784EAF1D8

Press24: http://www.press24.mk/konferencija-za-e-vlada

Kurir: http://kurir.mk/makedonija/vesti/134679-Konferencija-za-E-vlada

Alfa: http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=65194

Maxim: http://maxim.mk/ivanovski-kje-zboruva-na-konferencija-za-e-vlada

Utrinski: http://www.utrinski.mk/?ItemID=84C6541611882C4B8AECC29D3DD1B23A

Faktor: http://grid.mk/read/news/506056914/4967385/ivanovski-privatniot-sektor-da-se-vkluchi-vo-programata-e-vlada

Vlada: http://www.vlada.mk/node/7527

MTV: http://grid.mk/read/news/506056914/4968012/programata-e-vlada-otvorena-za-privatniot-sektor

E vesti: http://grid.mk/read/news/506056914/4967383/e-vlada-cheka-zainteresirani-od-privatniot-sektor

Denar: http://grid.mk/read/news/506056914/4967378/programata-e-vlada-otvorena-za-privatniot-sektor

Ekonomski MK: http://grid.mk/read/news/506056914/4966708/programata-e-vlada-otvorena-i-za-privatniot-sektor

Denesen: http://grid.mk/read/news/506056914/4966641/programata-e-vlada-otvorena-za-privatniot-sektor

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018