Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Средба со Албанска делегација

Одржана средба со делегација на стопанските комори, асоцијации и здруженија од Албанија организирана од Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија

МАСИТ – Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии со своите членки беа поканети на средба со делегација на стопанските комори, асоцијации и здруженија од Албанија организирани од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија со цел запознавање на можностите за економска трговија која ќе придонесе и за подобра и поголема соработка меѓу двете земји.

sredba_so_albanska_delegacija


Во склоп на средбата членките на МАСИТ имаа можност да се запознаат со владините и претставниците на бизнис заедницата на Република Албанија и имаа можност да дискутираат за продлабочување на соработката меѓу двете земји и интензивирање на истата преку создавање на заеднички пилот проекти, вклучување во ИПА проекти, воведување на информатички и комуникациски технологии во агробизнисот и туризмот и друго
.  

sredba_so_albanska_delegacija2

Г-дин Дритан Мезини, претседател на АИТА - ИТ асоцијацијата на Албанија, посочи дека соработката со МАСИТ постои, дека настанот СЕЕИТА е платформа преку која двете држави разменуваат информации веќе долги години, а дека преку денешната средба  се отвараат зголемени можности за понатамошна соработка и со останатите албански институции. 

Г-ѓа Фљутура Џабија, претседател на асоцијација за бизнис – жени и ракотворби, на состанокот пред пристутните наведе дека преку заеднички ИПА и Хоризонт 2020 проекти, заеднички треба да се потрудиме жените да станат сé поприсутни во ИКТ индустријата.

За крај, говорниците упатија желби оваа соработка да се реализира на конкретни заеднички идеи за заеднички развој. 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018