Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Обука за електронско поднесување на годишни сметки

 

Одржана Обука за електронско поднесување на годишни сметки


МАСИТ во соработка со компанијата Ре – Актив на 20.02.2014 година организираше „Обука за електронско поднесување на годишни сметки“, која се одржа во просториите на НЕОТЕЛ. На обуката присуствуваа 15 учесници од различни компании од Македонија.

Обуката ја започна Нора Буклевска од компанијата Ре – Актив која даде краток вовед за содржината  на обуката и ја претстави Маријана Андриќ од МАРАНД Консалтинг како фасилитатор.

P2200248_Small

По ова следеа информации и практична обука за:

  • Регистрација на нов корисник во системот на Централниот Регистар
  • Доделување на статус на Сметководител во системот на годишни сметки
  • Постапка за доделување на овластување од управителот до сметководителот за поднесување на годишна сметка
  • Фактичко поднесување на годишни сметки:
    Рачно внесување во web апликацијата на Регистарот на годишни сметки
    Пополнување на web апликацијата на Регистарот на годишни сметки преку XML формат (автоматско пополнување)
    Демонстрација на конвертирање на XLSX  датотека во XML формат
    Печатење и зачувување на поднесената годишна сметкa

 

P2200257_Small

Сите учесници добија подароци кои се состоеја од: апликација за конвертирање на .XLSX датотеки во XML датотека.

Во 2014та година ова беше прва обука организирана од страна на МАСИТ, а се планираат и други од различен тип.  

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48