Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ ИКТ Награди

MASIT_Logo_MKlogo 

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, во рамките на своите активности и оваа година организира избор на „МАСИТ ИKТ Награди“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance), првонаградените решенија ќе ги номинира на “Global ICT Excellence Awards”, избор на награди кој се одржува на секои две години(http://witsa.org/witsa-wp-site/global-ict-excellence-awards/overview/).

Оваа година, „МАСИТ ИKТ наградите“ ќе ги опфатат следните категории:

  • Решение во јавен сектор

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во државната администрација, локалната самоуправа и непрофитни организации, кои овозможиле зголемена ефикасност и транспарентност во работењето.

  • Решение во приватен сектор

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија имплементирани во деловни субјекти, кои директно ги зголемиле нивните деловни можности и конкурентност.

  • Решение за дигитални можности

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои значително ги зголемиле дигиталните можности за граѓаните на Република Македонија, во смисла на можности за користење на ИТ и пристап на Интернет.

  • Решение за одржлив раст

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои промовираат одржлив економски раст, кој се дефинира како способност да се подобри финансиската и социјалната состојба во државата. Постојат три клучни предизвици: климатски промени, деградација / пад на ресурси и загадување. Во сржта на трите е енергетската ефикасност и улогата на ИКТ за да постигне истата. 

  • Извонредни мобилни решенија

Во оваа категорија можат да бидат номинирани решенија кои ќе ја земат предвид успешната примена на мобилната технологија во областите на здравјето, социјалната свест, слободата на изразување, одржливиот раст, бизнисот и трговијата, ефикасната испорака на јавните услуги и транспарентноста.

Прво наградените решенија ќе бидат номинирани за учество на изборот на WITSA 2014 Global ICT Excellence Awards во рамки на светскиот конгрес за ИТ што ќе се одржи на 30тисептември во Гвадалахара, Мексико: http://witsa.org/awards14/GlobalAwards14-Outline_final.pdf

Право на учество имаат сите кои ќе номинираат сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија.

Цената за учество на „МАСИТ ИКТ Наградите“ е 50 евра + ДДВ за нечленки на МАСИТ, додека членките на МАСИТ со подмирена членарина за 2014 – та година се ослободени од плаќање на надоместок за учество.

Вашето решение ќе го номинирате со доставување на:

Пријавените компании ќе треба да ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ, во последната недела на месец мај, 2014 година. Комисијата за избор на „МАСИТ ИКТ Наградите“ по завршувањето на повикот за номинирање на решенија, ќе ги разгледа и оцени истите, согласно дефинираните тежински критериуми

Прогласувањето на победниците во секоја категорија ќе биде на крајот на настанот, додека доделувањето на признанијата ќе биде за време на овогодинешната конференција “SEEITA and MASIT Open Days”. Победниците ќе бидат објавени и на официјалната интернет страна на МАСИТ и ПР текст со листа на победници ќе биде испратен до медиумите.

Во очекување на Вашите пријави Ви пoсакуваме успех при изборот.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018