Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Работилница на тема: Импликации од примена на Законот за финансиска дисциплина

 

 

МАСИТ ве поканува на работилница за Законот за финансиска дисциплина, кој претставува нов пропис кој во деловната јавност е предмет на разговор и слободни толкувања.

Недоумниците од примената на овој закон кои до овој момент постојат, ќе се обидеме да ги отстраниме на работилница на која ќе продискутираме помеѓу другото за следните точки: 

  1. Формалната страна на законот (причини, повод и очекувани ефекти од донесувањето)
  2. Практична примена на законот во смисла на начин на пријавување на недисциплина
  3. Кои се ризиците за доверителот а кои за должникот?
  4. Како се сметаат роковите кај фактурирани услуги без наведен рок за плаќање?
  5. Примена на законот во случај на поведена или неповедена постапка пред нотар или суд за наплата на долг (разлики)
  6. Дали НЕ- задолжителноста на пријавување на финансиската недисциплина до надлежните органи значи дефинитивно “ослободување” на должникот од казнените одредби?
  7. Дали пријавувањето на финансиска недисциплина ќе ви помогне да го наплатите своето побарување или можеби ќе ви одмогне – формални и практични разлики?
  8. Можна колизија на Законот за финансиска дисциплина и Законот за облигациони односи (што се случува со задоцнети, но оспорени фактури – може ли да се изрече казна) 

Термин: 20 Мај 2014 (вторник) од 11:45 до 14:45 часот

Локација: Неотел, ул. Коста Новаковиќ бр. 8 (спроти Американ Колеџ во средната барака)

Цена: 2500 денари +18% ДДВ (за нечленки на МАСИТ)
         1500 денари + 18% ДДВ (за членки на МАСИТ и членки на Совет на ИКТ експерти на МАСИТ)

Предавачи: адвокат Јован Најденовски, правен застапник на МАСИТ и Маријана Андриќ, финансиски консултант на МАСИТ 

Пријавување на следната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Бројот на учесници е ограничен на 20 лица. 

Заради поголема ефикасност и интеракција препорачуваме со пријавата за работилницата да поставите прашања кои се од Ваш интерес, како би се овозможила потемелна елаборација.

Ги очекуваме вашите пријави! 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018