Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Се одржаа „МАСИТ ИКТ Наградите“

Се одржаа „МАСИТ ИКТ Наградите“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија, во просториите на ФИНКИ, на 17.06.2014.

На Наградите беа презентирани најиновативните решенија од следниве македонски ИКТ компании:100_1988

•       Аспект

•       ГрабИТ

•       Некстсенс

•       Ивоте

•       Инфините Солутионс

•       Абикс

во следниве категории:

•       Решение во јавен сектор

•       Решение во приватен сектор

•       Извонредни мобилни решенија

По нивното излагање пред публиката, Комисијата составена од членови на Советот на ИКТ експерти од МАСИТ имаше задача да ги оцени решенијата и да одлучи кои решенија ќе бидат номинирани на претстојните “Global ICT Excellence Awards”.

100_2017

Победничкото место во категоријата за „Решение во јавен сектор“ припадна на компанијата Некстсенс за решението со наслов „Систем за електронско издавање на градежни дозволи“. 

Во категоријата за „Решение во приватен сектор“, првото место го делеа АСПЕКТ за решението за “Имплементација на Aspekt Microfinance Software Solution“ и Инфините Солутионс за решението „Грижа за корисници“.

АБИКС со решението  „Промоција во движење“ победи во категоријата за „Извонредни мобилни решенија“.

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48