Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

КАКО ДА ИЗДАДЕТЕ ФАКТУРА СО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ДДВ ЗА ПРОМЕТОТ НА ДОБРА И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

masit 

Работилница на тема: Како да издадете фактура со ослободување од ДДВ за прометот на добра и услуги наменети за реализација на проекти?

 

Вклучени сте во реализација на проекти финансирани од странски донатори? Имате дилема како да буџетирате трошоци за даноци за тендери ИПА, ЕУ, Светска банка и сл.? Досега плаќавте ДДВ на посебна сметка, што од сега? Се издава фактура исклучиво генерирана од системот на е-даноци при УЈП?

 

МАСИТ ве поканува на работилница за начинот на практикување на член 24-а став 1 од Законот за ДДВ, кој се применува од 01 јули 2014

 

Воведениот нов член значи нов начин на фактурирање кон имплементатор на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Македонија и странски донатори, ако во тој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци.

 

  1. Формално воведување на измените
  2. Практична примена и очекувани ефекти
  3. Нов образец А1П
  4. Исфрлен од употреба образецот А3П
  5. Пристап до системот на е-даноци за подготовка на фактура
  6. Препораки за постапката на регистрација на проектот во Сектор за евроинтеграции
  7. Пополнување на електронски образец ДДВ-ПЕФ-ДО и натамошни чекори во постапката за обезбедување на фактурата

 

Термин: 01 Август 2014 (петок) од 11:45 до 14:45 часот

Локација: Американ Колеџ

 

Цена за нечленки на МАСИТ: 4500 денари +18% ДДВ

Предавачи: Маријана Андриќ, финансиски консултант на МАСИТ

 

Пријавување на следната е-маил адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . За секој втор пријавен од иста компанија/организација се обезбедува 15% попуст.

 

Заради поголема ефикасност и интеракција препорачуваме за работилницата да обезбдите ноте-боок и пристап до системот на Е-даноци ( корисничко име , лозинка и евентуално сертификат за дигитално потпишување доколку поседувате )

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018