Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Избрано ново раководство на Комората МАСИТ

 

Лидерите на ИКТ компании членки на МАСИТ, меѓу кои и највлијателните и најуспешните ИКТ компании во Македонија, на 26-ти Март 2013 година, во Универзитетот на Југоисточна Европа, со почеток во 13:00 часот, го одржаа Деветтото годишно Собрание на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на кое беше извршен изборот на новото раководство на Комората за следниот мандатен период.

Седницата беше отворена од страна на досегашниот Претседател на Собранието на МАСИТ, г-дин Мирослав Јовановиќ. Досегашниот Претседател на Управниот одбор на МАСИТ, г-дин Слаѓан Михајловски даде преглед на активностите на МАСИТ, остварените резултати како и приказ на реализираните проекти за изминатата година а од страна на досегашниот Претседател на Надзорниот Одбор Мирослав Крстевски беше презентиран и финансискиот извештај за работењето на Комората за 2014 година. На Собранието исто така беше презентиран предлог Буџет план и предлог Акциски план (програма) за работа на Комората МАСИТ за 2015 година.

Понатаму, на седницата на Собранието компаниите членки на МАСИТ избраа ново раководство за наредниот мандатен период 2015-2017, и тоа:

Претседател на Собранието на МАСИТ: Драган Чепујноски, ОНЕ

Претседател на Управен одбор на МАСИТ: Стефан Плавјански Микрософт

Членови на Управен Одбор на МАСИТ:

  1. Стефан Плавјански, Микрософт – Претседател на УО
  2. Горан Попоски, АСИ – Заменик Претседател на УО
  3. Мирослав Јовановиќ, Македонски Телеком
  4. Киро Николовски, Макпетрол
  5. Анета Антова Пешева, Ултра
  6. Петар Индовски, Горд Системи
  7. Andrew Brown, Ендава
  8. Нора Буклевска, Реактив
  9. Бранко Трајковски, Брансис

 

За членови на Надзорен одбор се избрани:

  1. Теди Цоневски, Неотел – Претседател на Надзорен одбор
  2. Бехар Хаџихамза, Едусофт
  3. Васко Павлоски, ЕЦС

 

За членови на Суд на честа се избрани:

  1. Томислав Зографски, Ивоте
  2. Сашо Јовановски, Кабтел
  3. Александар Илијевски, Нетра

 

По завршувањето на работниот дел на Собранието, во рамки на свечениот дел, беа доделени благодарници на компанијата членка АСИ, Маранд, и Адвокатска канцеларија Најденовски за посебно залагање, стручна помош долгогодишна соработка и значаен придонес во работата на Комората МАСИТ.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018