Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Работилница за Јавни набавки

На 11.06.2015 (четврток), во 10:00 часот, во просториите на МАСИТ (бул. Партизански Одреди број 4, Главен влез на Македонија Сообраќај) беше одржана Работилница за презентирање на предлогот на МАСИТ за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки пред претставници од надлежните институции.

На оваа работилница покрај компаниите членки на МАСИТ присуствуваа претставници од: Бирото за јавни набавки, Министерство за финансии, Министерство за информатичко општество и администрација и Советот за јавни набавки.

На работилницата беа претставени предлозите на МАСИТ за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки и беше отворена дискусија по истите.  Следните чекори кои беа договорени на работилницата ќе се одвиваат во насока на формално предлагање на предлог измените на ЗЈН предложени од МАСИТ пред надлежните институции.

Предлогот на МАСИТ за измени и дополнувања на ЗЈН кој беше презентиран на работилницата можете да го најдете на следниот линк. Истиот е подготвен на база на консултација со членството во изминатиот период а во соработка со правниот консултант на МАСИТ.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018