Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ во медиумите

МАСИТ, денес, во медиумите...

„Македонија има неколку извозни адути, како раноградинарските производи, тутунот, виното, металите, но сепак скриен ас во ракавот се услугите и производите на компаниите од секторот за информатичко - комуникациските технологии (ИКТ). Дека ова е така, најдобро се гледа ако се споредат вредностите на извозот на некои од нашите топ - земјоделски производи со оној на македонските ИКТ компании. Лани на светско ниво продадовме вино во вредност од 95 милиони евра, а извезовме од компјутерски, информатички и телекомуникациски услуги за 121,3 милион евра. Во истиот период увозот на овие услуги изнесувал 67,3 милиони евра, што значи дека Македонија лани имала ќар од овој тип услуги од 54 милиони евра. Од друга страна, во земјоделството имаме минус од околу 170 милиони евра во трговската размена во светот.“

„Главни силни страни на македонската ИКТ - индустрија е фактот што нашата понуда претставува „вредност за пари“. Сметаме дека нашата работна сила не е евтина, туку има цена која е полесно достапна за компаниите во таргет - земјите, а за возврат добиваме услуга со висок квалитет. Македонската ИКТ работна сила поседува силни технички познавања и е подготвена да работи според најновите ИКТ технологии и стандарди. Познавањето на англиски јазик е на многу високо ниво, а присутно е познавање и на други јазици. Индустријата располага со созреани компании кои се сериозни во нивните искуства и партнерски односи. Предност е и што сме локално блиску поставени до голем дел од таргет - дестинациите на само час до два оддалеченост со авионски лет - Анита Никова, извршен директор на МАСИТ

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=B90D77868C345C4DAF801B86D9796996.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

Nastani_slikice