Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Јавна расправа за Краткорочна ИКТ стратегија 2016-2017

 

Министерството за информатичко општество и администрација денеска, 15.07.2015, во Стопанската комора на Македонија ја организираше Јавната расправа посветена на Предлог националната краткорочна ИКТ стратегија за перидот 2016 – 2017 година и нејзиниот акционен план, на која учество зедоа претставници на јавниот, приватниот и академскиот сектор во земјата, како и заменик амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Катерина Штокер.

Во своето обраќање министерот Ивановски се осврна на континуираниот раст на ИКТ областа во последните неколку години и неговиот удел во вкупната национална економија.

„Вкупната вредност на македонскиот ИКТ пазар во 2013 година изнесуваше околу 450 милиони евра, од кои само за пазарната вредност беа пресметани 100 милиони евра, што значи дека од софтвер беа остварени 20 милиони евра. Сегментите на ИТ пазарот го имаа следниот удел на пазарот: 62% хардвер, 25,6% ИТ услуги и 13% спакуван софтвер.„- рече Ивановски

Тој напомена дека на крајот на 2013 година, во ИКТ секторот има 1.446 активни претпријатија, каде работат 16.205 вработени или 2,4% од вкупната вработена работна сила, кои придонеле со 4,1% од вкупната додадена вредност во земјата или 288,3 €.

„Во 2013 година, овој сектор извезол телекомуникациски, компјутерски и информатички услуги во вредност од 120 милиони €, што претставува 13% раст во споредба со 2012 година. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен август 2014 година, изнесува 564 €. ИТ секторот на крајот на 2013 година, се состои од 539 активни компании, од кои 88% микро и 11% мали претпријатија, што претставува раст од 30% споредено со 2010 година. Овие компании вработиле 2.586 работници во 2013 година, што претставува пораст од 138 % во однос на 2010 година и придонесува со бруто додадена вредност од 33,13 милиони € во 2011 година, што претставува зголемување од 48% во споредба со 2009 година.„- додаде Ивановски.

Инаку, целта на стратегијата е зголемување на придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка на создавање на работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии. Таа го опфаќа периодот до 2017 година и претставува прв чекор кон создавање на долгорочна стратегија.

Главната цел на овој документ е да ги презентира мерките чија цел е да се зголеми придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и за поддршка на создавање на работни места во рамките на ИКТ и други поддржани индустрии, со фокусирање на следните четири области: обезбедување на поддршка на бизнисот за ИКТ компании, создавање на ИКТ општество, промовирање на јавно-приватен дијалог и подобрување на формалното и неформалното образование, вклучувајќи го и доживотното учење.

Министерот Ивановски се заблагодари за поддршката од Швајцарската развојна агенција при Швајцарската амбасада во Република Македонија преку IME проектот, како и за активното учество на сите стопански комори и на ИТ факултетите во Македонија. Во изработката на Националната Краткорочна ИКТ Стратегија беа вклучени : Стопанската Комора на Македонија, ИКТ комората при Сојузот на Стопанските комори на Република Македонија, МАСИТ, ФИНКИ, ФЕИТ, Универзитетот „Гоце Делчев„ од Штип, Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Климент Охридски„ од Битола, Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ - Охрид, Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Фондот за иновации и технолошки развој.

МАСИТ како дел од работната група задолжена за креирање на стратегијата имаше свој значаен придонес во нејзиното креирање и се очекува исто така да биде вклучен и во реализацијата на активностите предвидени во акцискиот план. За време на јавната расправа Извршниот директор на МАСИТ Анита Никова даде краток осврт на активностите од Акцискиот план на Стратегијата предложени од МАСИТ а истото беше сторено и од страна на претставниците на другите комори и институции вклучени во подготовката на Стратегијата.

Сите коментари и забелешки за Предлог Краткорочната ИКТ стратегија и Предлог-Акцискиот план доставете ги на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 24.07.2015.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018