Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Втор термин: EXIN Agile Scrum Master сертификација

Што? EXIN Agile SCRUM Master сертификација
Каде? Во Скопје
Кога? 21 - 23.09.2015 исполнето | 28-30.09.2015
Зошто? За зголемување на ефикасноста и флексибилноста на работењето на проекти во вашата компанија


Поради голем интерес, МАСИТ, со поддршка на УСАИД / РЕГ проектот, а во соработка со Семос Едукација, во периодот од 28 - 30.09.2015, по втор пат организира Agile SCRUM Master обука со вклучена светски позната и признаена EXIN Agile SCRUM сертификација.
Обуката ви овозможува да ги совладате концептите на агилниот развој со посебен акцент на трендовската агилна метода за управување со проекти - SCRUM. Ќе дознаете зошто и како агилните методи ја зголемуваат ефикасноста. Преку практични примери, вежби и групна работа, ќе имате можност да стекнете знаење и вештини кои се доволни за да можете да користите агилен развој во вашата организација.

Времетраење: 3 дена (понеделник, 28 – среда, 30.09.2015)
Прв ден: Agile SCRUM Foundation

  • Концепти на агилни методологии
  • SCRUM практики
  • SCRUM планирање
  • Напредни SCRUM концепти за менаџирање на големи и/или комплексни проекти
  • Следење на проекти

Втор ден и трет ден: Agile SCRUM Master

  • Практични примери на користење на агилни методологии
  • Развој на софтвер
  • Менаџирање на тимови
  • Интерации и спринтови
  • Проектен менаџмент преку SCRUМ

По завршување на задолжителните предавања, согласно правилата на EXIN имате можност уште веднаш да полагате, за да станете сертифицирани за Agile SCRUM Master. Предавањата и сертификацијата се вклучени во крајната цена.

Таргет група: Професионалци кои применуваат нови агилни методологии на работа, работат во областа на проектен менаџмент, развој на софтвер, бизнис менаџмент.
Предавач: Michal Nejezchleb
Г-дин Michal Nejezchleb има големо искуство со проектен менаџмент и PMBOK стандардите, мултикултурните средини и виртуелни тимови од Европа. Работел повеќе од 5 години како проектен менаџер во IBM. Држи официјални тренинзи и консултации во следниве области:

  • ITIL® in IT Service Management
  • Agile SCRUM Foundation and Master
  • MoR®, Management of Risk

 

Контакт лице:
Дона Алампиоска
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
+389 75 280 507

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018