Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Усвоена Националната краткорочна ИКТ стратегија

 

МАСИТ –Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии преку свои претставници, активно учествуваше во Работната група за изготвување на краткорочната ИКТ стратегија 2016- 2017 година и нејзиниот Акциски план. Претставниците на МАСИТ го разгледаа текстот на Нацрт-националната стратегија за развој на информатичко-комуникациските технологии во Република Македонија и даде значаен придонес со конкретни забелешки и мислења кои се усогласени и инкорпорирани во усвоените документи.

Целта на оваа национална краткорочна стратегија за ИКТ индустријата е постигнување подобра глобална конкурентност на земјата. Ова може да се направи преку промоција на економијата базирана на знаење, искористувајќи го огромниот потенцијал за извоз на ИКТ, а со тоа  остварување  значаен скок во економијата.

Националната краткорочна ИКТ стратегија го покрива периодот до 2017 година и претставува прв чекор кон создавање долгорочна стратегија. Ова треба да претставува добра основа за Националната долгорочнастратегија за ИКТ (до 2020 година), која ќе и помогне на Република Македонија во унапредувањето на развојот на информатичкото општество со цел да се создаде економија базирана на знаење. Во Националната краткорочна стратегијата се презентирани потребните упатства, инструменти и мерки за успехот, за да се зголеми придонесот на ИКТ индустријата во насока на одржлив економски развој и поддршка за создавање работни места во рамките на ИКТ и другите индустрии, со фокусирање на овие четири области: обезбедување поддршка на бизнисот за ИКТ компании; создавање на информатичко општество; промовирање на јавно-приватниот дијалог и подобрување на формалното и неформалното образование.

Владата на Република Македонија, на својата седница одржана во месец август 2015 година, ја усвои Националната краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018