Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

5 стипендии за тренинг курсеви во Индија

Министерството за надворешни работи на Индија во рамки на Програмата Indian Technical and Economic Cooperation (ITEC), за студиската 2015/2016 година, за државјаните на Република Република Македонија доделува 5 стипендии за тренинг курсеви. Стипендиите кои ги обезбедува Владата на Индија ги покриват трошоците за авионските карти и трошоците за престој.

Може да аплицирате за следење на курсеви од различни области, меѓу кои информатичките технологии и телекомуникациите и тоа во следниве центри:

  • Centre For Development of Advanced Computing – Mohali
  • Centre For Development of Advanced Computing – Noida
  • Centre For Excellence in Telecom Technology and Management –Mumbai
  • CMC Ltd. - New Delhi
  • UTL Technologies Ltd. – Bangaluru

Темите кои ги покриваат тренинзите: Big data analysis, Web applications, Cyber security, Networks, Database management, Telecom management, Data communication, Broadband technologies, ITIL, Cloud computing и многу други. Брошурата и апликацијата за тренинг курсевите за студиската 2015/2016 година, може да  ја  најдете  на: http://www.itec.mea.gov.in/?pdf3967?000 .

Апликациите на пријавените кандидати, Министерството за образование и наука ги доставува  до Амбасадата на Индија во Софија,  најдоцна три месеци пред започнувањето на избраниот курс. Изборот на кандидатите го врши Министерството за надворешни работи на Владата на Индија.

Пријавите и потребната документација, во три примероци се поднесуваат до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и  технолошко-технички развој, континуирано во текот на целата година, (во зависност од терминот на соодветниот курс).

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018