Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Работилница за јавни набавки

На 06.04.2016, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ организираше Работилница за јавни набавки на која претставници од компаниите членки на МАСИТ пред претставниците од надлежните државни институции ги претставија своите предлози за измени и дополнувања на Законот за јавни набавки во делот на набавки на производи и услуги од областа на информатичките и комуникациските технологии.

alt

На работилницата покрај компаниите членки на МАСИТ кои работат во областа на ИКТ (хардвер, софтвер, електронски комуникации) присуствуваа и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки, Советот за јавни набавки и Царинската Управа.

Предлозите на МАСИТ презентирани на работилницата се однесуваа на:

-       Предлози во делот на изворен код, права врз изворниот код, интелектуална сопственост, лиценци, адаптивно одржување

-       Критериум економски најповолна понуда наспроти критериум најниска цена кога станува збор за ИКТ набавки, а особено потребата од мерење на квалитетот

-       Проблеми со поимот “Еквивалентно” кога станува збор за набавка на тонери за уредите за печатење и како истиот влијае на зголемување на потрошувачката на државата и заштита на човековата околина

-       Потреба од креирање на посебно поглавје во Законот или Правилник за јавни набавки на ИКТ со цел дефинирање на спецификите при купувањето на ваков вид на производи или услуги.

-       Предлози околу постапка за жалби по јавни набавки (електронско поднесување на жалби, намалување или укинување на таксата за жалби, појасно образложување на одлуките по поднесените жалби) како и предлози во делот на казнените одредби и изрекување на мерки на негативна референца и забрана за учество на јавни набавки.

-       Зголемување на транспарентноста на јавните набавки во смисла на објавување на дел од информациите кои се однесуваат на прифатените понуди и склучените договори за јавни набавки, како и контрола врз процесот на спроведување на јавните набавки

Презентацијата која беше презентирана на работилницата а во која се содржани деталните предлози на МАСИТ можете да ја најдете на следниот линк - ПРЕЗЕНТАЦИЈА.

Како заклучок од одржаната работилница беше договорено да се формира работна група со претставници од МАСИТ, Бирото за јавни набавки, Советот за јавни набавки, Министерството за информатичко општество и Државната комисија за жалби по јавни набавки, на која ќе се дискутира детално за дадените предлози и дискутираните проблеми со цел утврдување на заеднички прифатливи одредби кои во иднина би влегле во Законот или во соодветни подзаконски акти. Групата ќе работи и на подобрување на подзаконските акти кои се на сила овој момент до донесување на нов, изменет или дополнет Закон за јавни набавки.

alt

alt

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018