Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Конференција ИКТ во Агробизнис

ИКТ во Агробизнис
23ти-24ти ноември, 2016, Хотел Александар Палас, Скопје, Македонија 

alt

Во периодот од 23 – 24 ноември, 2016, во хотел Александар Палас во Скопје, ќе се одржи конференција на тема ИКТ во Агробизнисот, организирана од страна на МАСИТ – ИКТ Стопанската комора заедно со АгФутура и ПроКредит Банка.

Како лидер во поврзувањето на ИКТ секторот во Македонија, МАСИТ досега успешно организираше 13 регионални конференции за ИКТ, секоја од нив посетена од повеќе од 200 учесници, главно претставници на ИКТ компании но исто така високи претставници на Владини институции и Министерства, Факултети, Донаторски организации како и релевантни стеикхолдери од регионот на Југоисточна Европа. Имајќи го искуството и контактите, не само на домашно туку и на регионално и интернационално ниво, МАСИТ ја најавува својата 14та по ред годишна конференција, по втор пат на тема ИКТ во агробизнис, со амбиција да ги собере претставниците на двата сектори и да опфати теми кои се од нивен интерес.

 

Целта на овогодинешната конференција е да се соберат сите чинители од ИКТ и агробизнис индустријата на едно место, да се претстават трендовите во двете индустрии, да се идентификуваат можностите за соработка, размена на искуства и најдобри практики, како и да се олесни и поттикне меѓусебната соработка.

Основните прашања кои ќе бидат покренати на конференцијата ќе бидат во насока како двете индустрии да соработуваат поблиску во секојдневното работење и како да постигнат максимален бенефит од остварената соработка. Ќе бидат претставени многу успешни приказни и решенија. Поканети се голем број на претставици од институциите од агробизнис и ИТ индустријата, а ќе присуствуваат и голем број на компании од агробизнисот и ИТ од земјава и регионот. Со цел, истите да навлезат во дирекни дискусии, ќе бидат организирани Б2Б состаноци.

 

2 дена конференциски презентации од страна на ИКТ и експерти од областа на Агробизнис, организирани во неколку сесии  

Панел дискусија Простор за решавање на јазот помеѓу ИКТ и АГ. Временска зона, кога двете индустрии ќе се најдат на иста страна обидувајќи се преку плодна дискусија да го намалт тој јаз. Ќе бидат презентирани трендовите на светско, наспрема локално ниво. Поканети сте да се приклучите во дискусијата и да споделите лични искуства!

Б2Б средби – Зборувајте слободно за вашите проблеми и решенија, со цел зголемување на можностите за соработка.     

 

 

Котизација

 

 

Котизација

Краен рок:

Рана пријава

 40 евра + 18% ДДВ

За регистрација и плаќање до 01.09.2016

Регуларна

 50 евра + 18% ДДВ

За регистрација и плаќање после 01.09.2016

 

Котизацијата вклучува:

-           Присуство на сите конференциски сесии и Б2Б средби

-           Конференциски материјали

-           Оброци, кафе и пијалоци за време на конференцијата  

 

 

 

altСледете ги сите новости и информации во врска со конференцијата на нашиот Facebook event.


Повеќе информации за конференцијата како и за начинот на регистрација можете да најдете на www.seeita.org

 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018