Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАКЕДОНСКИ ИКТ КОМПАНИИ ДОБИТНИЧКИ НА СВЕТСКИОТ ИЗБОР НА ИКТ НАГРАДИ ЗА ИЗВОНРЕДНОСТ

 

 

Македонски Телеком победник во категоријата за одржлив раст

Брансис и 4Виртус добитници на награди за заслуга 

alt

Со големо задоволство би сакале да ве информираме дека Македонски Телеком А.Д. Скопје со ИКТ решението за јавен транспорт е победник во категоријата Решение за одржлив раст на „Глобалните ИКТ награди за извонредност” кои се спроведуваат од страна на „Светската алијанса за информатички технологии и услуги“ (WITSA).

Дополнително, на македонските компании Брансис и 4Виртус им е доделено посебно признание – Награда за заслуга (Merit Award), со кое иако не се победници се истакнуваат со нивната извонредност и препознатливост како ИКТ компании.

Наградите беа доделени за време на Светскиот конгрес за ИТ одржан во Бразилија, Бразил (04.10.2016) во организација на WITSA

Изборот “Глобални ИКТ награди за извонредност” организиран од страна на Светската алијанса за ИТ услуги - WITSA се одржува на секои две години и за време на Светскиот конгрес на WITSA се доделуваат наградите со цел да се даде признание на компаниите и организациите за ИТ достигнувањата на глобално ниво. Наградите што се избираат во рамки на овој избор ги опфќаат следниве категории: Решение во јавен сектор, решение во приватен сектор, Решение за дигитални можности, Решение за одржлив раст и Извонредни мобилни решенија. МАСИТ како член на оваа глобална организација има можност да предлага решенија од Македонија и оваа година беа номинирани 5 решенија, кои беа избрани на локалниот избор МАСИТ ИКТ Награди одржан на 01.06.2016 година.

„Наградите добиени од страна на WITSA претставуваат исклучително достигнување не само за компаниите добитници на истите, туку и за целокупната македонска ИКТ индустрија. Истите се потврда дека Македонија како земја е конкурентна на светско ниво кога станува збор за ИКТ и располага со висококвалификувани кадри и компании кои постојано ги следат светските трендови и технологии и можат да одговорат на потребите за креирање на најсовремени ИКТ решенија“ - изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Повеќе информации за наградените решенија:

Македонски Телеком (www.telekom.mk) со своето решение „Паметен град“ (Smart City) е победник во категоријата Решение за одржлив раст. Со ова решение се иницира олеснет транспорт во главниот град Скопје. Преку него се имплементира современ интегриран систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата во јавниот градски превоз.

„Водени од нашиот иновативен дух ја трансформиравме нашата метропола во модерен и паметен град, следејќи го чекорот на големите светски метрополи. Македонски Телеком цврсто верува во новата, растечка ера на паметна поврзана технологија која што е во ставена во функција на модерниот град на живеење. Потенцијалите за паметен град се големи, а ние и натаму ќе бидеме фокусирани на ставање на модерната технологија во унапредување на нашето живеење. Затоа наградата добиена на Светскиoт конгрес WITSA претставува потврда дека се движиме во вистинска насока“, изјави Слободанка Jакимовска Јосифовиќ, директор на Сектор за дизајн и развој на ИКТ решенија и услуги во Македонски Телеком

Брансис (www.bransys.com) е добитник на награда за заслуга (Merit Award) со решението Claxi, номинирано во категоријата Извонредни мобилни решенија.Claxi претставува мобилна апликација која на корисниците им овозможува да си одберат оптимална такси услуга. Апликацијата овозможува повик на такси според неколку критериуми: најевтин превоз, такси кое најбрзо ќе пристигне и сл.
„Ние сме горди што добивме уште една признание оваа година, прво на „Националните европски бизнис награди“, а сега награда за заслугa на „Светскиот конгрес за ИТ“. Ова е доказ дека ние сме позиционирани како лидери и иноватори во современиот општествен живот", изјави Бранко Трајковски, основачот на Брансис.

4Виртус (www.4virtus.comе добитник на награда за заскуга (Merit Award)со решението Fueloyal. Производот наречен iCAP1000, кој е номиниран во категоријата Решение во приватен сектор, претставува паметно капаче за гориво кое ја контролира количината гориво ставена во резервоарот и го спречува излевањето на горивото.

“Ова е многу возбудливо време во историјата на нашата компанија и јас сум исклучително почестен што токму ние сме добитници на оваа награда. Со гордост ја примам оваа награда во име на нашата компанија и во чест на огромна работа на нашиот тим кој помогна сето ова да стане реалност. Оваа награда е уште една потврда на иновативноста на нашето решение но и нашата посветеност да испорачаме врвни решенија во светски рамки директно од Македонија.” изјави Игор Христов, директор на 4Виртус.ком

 

За повеќе информации посетете го линкот со официјалното соопштение на WITSA со сите детали во врска со наградените решенија http://witsa.org/witsa-wp-site/press-releases/witsas-2016-ict-world-award-winners/


 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018