Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Официјално претставување на проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива

 

 

alt

Во понеделникот, 19.12.2016 година, МАСИТ како еден од имплементаторите на новиот проект со УСАИД, „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ беше дел од прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија, каде беше промовиран овој четиригодишен проект. Целта на овој проект е јакнење и поддршка на микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија за полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот долг.

Проектот е финансиран од страна на УСАИД, а е имплементиран од страна на трите комори во Република Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Стопанската комора на Северозападна Македонија заедно со консултантската куќа „ЕПИ Центар Интернационал“ од Скопје.

„Во 2015 година Собранието на Република Македонија донесе 541 закон, од кои 57 отсто, без јавни консултации. Иако тоа беше во насока на подобрување на регулативата, сепак, се покажа како голем предизвик за бизнисите, за нивните напори да се приспособат кон направените промени“, - посочи Џејмс Стаин, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија.

„Планираните активности ќе ги зацврстат позициите на коморите во креирањето подобра бизнис клима. Проектот ќе биде основа за натамошна долгорочна соработка на коморите и нивен заеднички настап пред институциите“, - изјави Горан Попоски, претседателот на Управен Одбор на МАСИТ.

„Како комори сме подготвени да спроведеме се` што е од значење за нашите членки. Ќе овозможиме успешно имплементирање на Проектот и кај компаниите надвор од Скопје, нивна вклученост преку мрежата на регионални комори“, - изјави Елена Милевска Штрбевска, Стопанска комора на Македонија.

„Проектот предвидува развој на неколку иновативни алатки, агрегатен портал и мобилна апликација, како и механизми за полесно следење на регулативата, но и мониторинг на изречените казни кои треба да бидат превенција и едукација, а не санкционирање“, - изјави Љубомир Димовски од „ЕПИ Центар Интернационал“ кој е координатор на Проектот.

alt

Проектот ќе биде фокусиран на четири сектори: земјоделството, текстилот, ИТ-секторот и градежништвото. Овие четири сектори практично ќе послужат како модел за развој на натамошни мерки за усогласување со регулативата и за развивање на јавно-приватниот дијалог во останатите сектори.

Спроведувањето на овој проект, вреден 1,9 милиони САД долари ќе биде финансирано од страна на УСАИД.

Повеќе информации за активностите на проектот можете да најдете на следниот ЛИНК - http://masit.org.mk/index.php/en/menu-title-1/2012-06-07-14-06-20/finish/6/5216/0

 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018