Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Програма за поддршка на ИКТ извоз

alt

Нова програма "ICT-export training Macedonia" со поддршка на Холандска амбасада во Македонија

Ве информираме дека МАСИТ заедно со Холандската амбасада во Скопје, започнува нов проект/Програма “ICT-export training Macedonia” чија цел е поддршка на македонските ИКТ компании со цел пренесување на знаењa за стратегија и маркетинг за аутсоурсинг, како би можеле макeдонските компании успешно да ги продаваат своите производи/услуги на Европскиот пазар. Програмата ќе се состои од две одделни групни обуки и една индивидуална обука со компаниите која ќе се реализира со посета на компанијата.

Програмата се состои од следните активности:

  • Invitation and selection of the participants 
  • Module 1 - Day 1: giving a broad overview on ICT outsourcing & offshoring (also from a European client perspective)
  • Module 1 - Day 2: marketing for ICT companies & preparation of the Export Marketing Plan (the basics)
  • Immediately after Module 1: personal meetings with companies. The trainer will spend one or two extra days in Skopje, in order to meet participants at their office.
  • Module 2 - Day 1: providing a more detailed view on export marketing; continue working on the EMP and the Action Plan
  • Immediately after Module 2: personal meetings with companies. The trainer will spend two or three extra days in Skopje, in order to meet participants at their office.
  • Individual coaching. The companies that participate in the training program will receive four hours of individual coaching via Skype in between, or after, the two modules.
  • Reporting / evaluation

Во прилог се наоѓаат повеќе детали за секој од модулите, а документот во прилог “How to market your ICT services” ве молам прочитајте ги вратете ми го пополнет доколку имате интерес да влезете во програмата.

Главниот резултат на овој проект ќе биде развивање на индивидуален стратешки план за аутсорсинг за сите компании кои ќе бидат дел од програмата. Активностите на програмата за обука, исто така, ќе бидат сумирани во еден извештај, вклучително и список на сите учесници, контакти, предавања и материјали/слајдови.

Компаниите можат да се пријавуваат врз основа на следните критериуми за селекција:

  • Компанијата да е извозно ориентирана
  • Компанијата да е млада/старт ап или постара/зрела компанија на која таргет и се европските пазари
  • Компанијата досега да не била дел од CBI Програмата за извоз и извозни капацитети
  • Жени претприемачи се особено добредојдени да бидат дел од програмата
  • Компанијата да има дедицирано еден вработен кој во континуитет и редовно ќе ги посетува обуките и ќе биде одговорен за активностите на програмата во име на вашата компанија

Напомена:

-     За да бидете дел од програмата, ве молам да го пополните и да ни го вратите потпишан commitment letter-ot (во прилог) со цел да се потврди вашиот интерес да бидете дел од програмата

-     Програмата е отворена покрај за компаниите членки на МАСИТ, така и за компаниите нечленки на МАСИТ. Согласно ова, за влез во програмата, за членките на МАСИТ commitment fee изнесува 50 евра,  а за не-членките на МАСИТ изнесува 70 евра. Доколку сакате да ја користите повластената цена за членките на МАСИТ, можете да ја разгледате можноста за зачленување во МАСИТ на следниот линк: Информации за зачленување .

Во програмата може да влезат 15 - 20 компании, а истите ќе бидат избрани од комисија која ќе биде составена од претставник на Холандската амбасада во Скопје, претставик на МАСИТ и самиот тренер на програмата. Дозволено е учество на еден претставник по компанија на обуките.

Првиот модул од програмата се планира да се организира на 28.02-01.03.2017 во Скопје, а вториот модул во месец Април 2017.

Oбучувач/тренер кој ќе ги води обуките е г-дин Paul Tjiahttps://nl.linkedin.com/in/paul-tjia-9584451, основач на GPI Consultancy (http://www.gpic.nl/en/ ).

Се повикуваат сите компании кои имаат интерес да се вклучат во програмата да го изразат својот интерес најдоцна до 15.2.2017 година (среда), со доставување на меил на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  со пополнети детали за вашата компанија во документот “How to market your ICT services” + пополнет commitment letter.

Документи: 

Details for Export marketing training

How to market your ICT service (application form)

Commitment letter 

За сите дополнителни прашања кои ги имате поврзани со вклучувањето во програмата ве молиме контактирајте ја Елена Петрушевска на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на телефонскиот број 075 240 988.


 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018