Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Социјална инклузија преку технологија


alt

Ве информираме дека iVote Fondation, започна со имплементација на проектот "Социјална инклузија преку технологија” со поддршка на УСАИД, кој е наменет за обука и доквалификација на лицата со попреченост. МАСИТ се вклучува како партнер во проектот во делот на подигање на свест за инклузивноста на овие лица како во општеството така и во ИКТ секторот, поддршка на целите и задачите на проектот како и помош во спроведување на практична работа на лицата со попреченост во ИКТ компании.
Главна цел на проектот е од една страна да им помогне на младите луѓе со различен вид на попреченост да станат дел од пазарот на труд, посебно во компаниите од ИКТ секторот, а од друга страна да ги поддржи организациите кои ги претставуваат или им обезбедуваат поддршка на лицата со попреченост за тие организации да обезбедат услуги со кои ќе ги подобрат вештините за вработување кај младите лица со попреченост.
 
Со цел подобро запознавање со проектот како и со можностите за вработување/пракса во вашите компании на лицата со попреченост, ќе се одржи работилница на тема “Инклузивен ИТ сектор во Македонија” која ќе се одржи на 9.3.2017 година со почеток во 11:45 часот, во Јавна соба.
 
На средбата се поканети сопствениците или директорите на ИКТ компаниите, како и одговорните на HR секторите. Поддршката на овој сектор е стратешка одлука за една компанија и затоа ве очекуваме да учествувате во што е можно поголем број! 
 
Повеќе информации за самиот проект, како и агендата, можете да погледнете тука:

Се покануваат сите ИКТ компании кои сакаат да бидат дел од настанот да се пријават на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите најдоцна до 6.3.2017 година.
 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни Настани

Нема настани