Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Национален MOS натпревар

grambrl

Би сакале да ве информираме дека во рамките на своите активности, МАСИТ оваа година се приклучува кон поддршката на националниот Микрософт Офис натпревар кој по втор пат се одржува во Република Македонија од страна на Цертиадриа.

Натпреварот има за цел да ја подигне дигиталната писменост кај младите во Македонија и истиот се одвива така што учениците од цела Македонија кои се помеѓу 13 – 22 години ги испробуваат своите вештини во Microsoft Office алатките (Word, Excel или Power Point). Натпреварот завршува со големо финале на кое најдобрите 40 ученици од цела Македонија ги одмеруваат силите и најдобриот ученик (победникот) патува во Лос Анџелес, Калифорнија да ја претставува Македонија на светскиот натпревар помеѓу останатите 140 земји од светот.

Би сакале да Ве информираме дека натпреварот влегува во фаза каде што поддршката би била добредојдена и со ова би сакале да Ве известиме дека сите членки кои би одлучиле да го поддржат натпреварот би биле истакнати и би придонеле за зголемување на дигиталната писменост меѓу младите во Македонија.

Во досегашниот тек на натпреварот се приклучија Стопанска Банка А.Д. Скопје, Лајкамобиле, Инбокс дата центар, Семос Едукација, Метрополис радио и Град Скопје.

Ве повикуваме да се вклучите со спонзорство во форма на финансиска поддршка или финансиска поддршка и награда со производ од Вашето продукт портфолио за најдобрите ученици / ментори.

За подетални информации ја споделуваме презентацијата на натпреварот, официјалниот леток на натпреварот како и за детални информации посетете го официјалниот сајт на натпреварот www.mosnatprevar.mk.

За сите останати информации можете да го контактирате Марко Серафимоски на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 078 44 18 67 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани