Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Конференција на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис реулатива

                 

tender_web_1_baner

 

“Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива”

Би сакалe да ве информираме и поканаме на конференцијата која ќе се организира во рамки на проектот на УСАИД “Партнерство за подобра бизнис регулатива” -  на тема “Актуелни предизвици на бизнис заедницата од областа на законската регулатива”, која ќе се одржи во среда, 07.06.2017 година во Стопанска комора на Македонија, од 10:30 часот до 14:30 часот.

Конференцијата е во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

Во изминатиот период, во 11 градови низ Македонија се одржаа информативни настани на теми: „Работни односи и колективни договори“, „Даночна и царинска политика“ и „Животна средина и урбанизам“, кои имаа за цел да ги информираат микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија и да им дадат насоки за полесно имплементирање на законската регулатива преку детектирање на проблемите и промените кои произлегуваат од соодветните регулативи,  како и јакнење на јавно-приватниот дијалог во насока на донесување на подобра бизнис-регулатива. Согледувајќи ја моменталната состојба на микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија, проектот на УСАИД ја организира оваа конференција, со цел да се претстават и дискутираат идентификуваните проблеми и предлози на претпријатијата во горенаведените области.

Присуството на оваа конференција е бесплатно.

Покана и агенда

- Линк за регистрација: https://goo.gl/forms/EwtSBakBdorSsl2H3

За сите подетални информации околу конференцијата, контактирајте ја Елена Столеска на  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , 075 280 507

 tender_web_2_baner


 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани