Конференција: Можности и предизвици за рециклирање на текстилниот отпад

 


Во рамки на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, на 29.06.2017 година се одржа конференцијата на тема TexRex „Можности и предизвици за рециклирање на текстилниот отпад“ во организација на Текстилното Трговско Здружение - Текстилен кластер, заедно со ЕПИ Центар Интернационал, Стопанската комора на Македонија, Холандската стопанска комора и Холандската Амбасада во Македонија.

Проектот на УСАУД - Партнерство за подобра бизнис регултива се организира од страна на Стопанска комора на Макдонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија, партнери во проектот како и ЕПИ Центар интернационал како главен имплементатор.

Forum_1

На конференцијата присуствуваа претставници од меѓународни и домашни компании, претставници од Министерството за финансии од делот на царинската политика и од Царинската управа на РМ, кои дискутираа за проблеми со кои претпријатијата во Република Македонија се соочуваат секојдневно.

Темите на кои се дебатираше на овој настан беа обемот на текстилен отпад во Македонија и неговото влијание врз животната средина, техничките аспекти на рециклирање на текстилниот отпад, можностите за нови производи и последици за индустријата како и европска практика на царински третман на отпад од привремен увоз и потекло на рециклираните производи.

Текстилните компании немаат правна можност да го откупат отпадот по пониски цени од цените кои се користат при царинење во регуларна постапка. Како последица на тоа, текстилните компании пристапуваат кон одлагање на отпадот во депонија, а пропуштената можност за рециклажа на отпадот доведува до загадување на животната средина, кој додаде дека ќе ги ислуша искуствата на присутните експерти и нивните сугестии за решавање на овој проблем. Новата реформска Влада на Република Македонија е решена да ги поддржи малите и средни претпријатија, каде што сериозно место заземаат текстилните претпријатија - истакна д-р Тевдовски, министер за финансии

Forum_4

Животната средина страда од многу депонии, што е многу важно за јавното здравје и за развојот на туризмот. Овој отпад може да биде претворен во профит, може да се искористи како ресурс за ново производство и може на македонската текстилна индустрија да и помогне да стане поконкурентна и да овозможи повеќе работни места во иднина -  истакна Волтер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Македонија.

Forum_3

Согласно направените анализи, проблемот со текстилниот отпад е идентификуван како еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат претпријатијата, пред се` во текстилната индустрија - истакна Љубомир Димовски, директорот на „ЕПИ Центар Интернационал“ од Скопје. Тој посочи дека во рамките на овој проект ангажирани се странски експерти кои се поврзани со царинското работење во ЕУ и со рециклирање на текстилниот отпад, како и релевантни локални експерти кои во изминатиот период направија истражување на состојбите во оваа област во Македонија и дека ќе се најдат решенија за овој проблем во блиска иднина.

Forum_2