Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ е-информатор

7111f33e-d3e0-4f16-9629-11c85e8c468f

АКТИВНОСТИ 


 Активности на МАСИТ поврзани со најавеното воведување на прогресивен данок
Август - Септември 2018

7790522b-9f50-4d4f-b62a-3de6658d0490

Во изминатиот период МАСИТ работеше на низа активности поврзани со даночната реформа која беше најавена од страна на Владата, односно прогресивно оданочување на персоналниот данок. Од една страна во рамки на проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, по низа истражувања и организирање на 2 фокус групи беше изготвен позиционен документ изработен и усогласен од страна на четирите стопански комори како став на бизнис заедницата по однос на најавените даночни промени. Документот е достапен на наведениот линк
Од друга страна преку добро координирани напори на Македонија 2025, AmCham и МАСИТ, се извршија детални истражувања на оваа тема и беше подготвен позиционен документ, кој е достапен на следниот линк. Документот беше формално доставен до Министерството за финансии во кој беше пренесно дека МАСИТ е достапен со своите консултатски услуги да помогне во сподведување на реформата.


Одржан е вториот состанок на Фокус групата во рамки на проектот GIVE во Софија, Бугарија
19-20 Септември 2018

704fcfe3-a79d-4a18-89ad-b2326ee59818

 Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) се одржа вториот состанок на Фокус групата посветена на бариери за интернацинонализација. Состанокот беше одржан во Технолошкиот парк во Софија, Бугарија на 19-20 септемви 2018 година. Главна активност и цел на состанокот беше да се создаде заедничка база на знаење за интернационализација и маркетинг меѓу Кластерските здруженија и малите и средни претпријатија. Повеќе


Одржан Форум на тема: Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени
26 Септември 2018

1d97cc8e-f33e-4104-9153-e785c008e13f

На 26.09.2018 (среда) со почеток од 11 часот во хотел Александар Палас во Скопје, се одржа Форум „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија - општествени и економски промени“ кој беше организиран во рамки на проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Подобрување на бизнис регулативата и директен дијалог со приватниот сектор за надминување на предизвиците од даночните и кадрови политики врз ИКТ секторот во Република Македонија, е пораката која ја порачаа учесниците на форумот. Повеќе


Одржана Конференција на МАСИТ: Дигитална трансформација во Македонија - предизвик или реалност
27 Септември 2018

f53e6b49-05bf-4d32-acc7-1592622315d2

На 27.09.2018 (четврток), во хотел Александар Палас, Скопје, со почеток од 11:00 часот беше одржана конференцијата „Дигитална трансформација во Македонија: предизвик или реалност“. ,,Конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси се најдобриот начин за подобрување на економската, социјалната и општата состојба во државата” беше клучната порака од одржаната коференција. Теми поврзани со динамичната сегашност Internet of things, Cloud services, Cyber Security преовладаа на настанот, а во правец на подобро позиционирање на македонскaта ИКТ индустрија на светскиот пазар и зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите. Повеќе


МАСИТ го одбележа Светскиот ден на храната 
16 Октомври 2018

eb41c537-f99c-479a-a0eb-18376d50a8cd

МАСИТ го одбележа Светскиот ден на храната 16ти Октомври со донација на свеж органски зеленчук на Центарот за бездомници во Чичино Село Скопје во соработка со Црвениот Крст на Македонија. По иницијативата на претстедателот на Управниот одбор на МАСИТ – Горан Попоски, со ентузијазам се обезбедија средства за 100кг свеж органски зеленчук. Донатори во оваа акција се компании и физички лица – членови на МАСИТ и учесниците на овогодинешната МАСИТ конфереција: Дигитална трансформација на Македонија која се одржа минатиот месец, а на која една од клучните теми беше употребливоста на дигитализацијата за добри цели. Повеќе


Одржан е третиот состанок на Фокус групата во рамки на Проектот GIVE 
30-31 Октомври 2018

674121ba-c2fc-40f2-a6d8-81fb356be2b0

Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) се одржа третиот состанок на Фокус групата посветена на развој на соработка помеѓу различни индустрии. Состанокот беше одржан во Центарот за бизнис и иновации во Крагуевац, Србија на 30-31 октомври 2018 година. На состанокот беа презентирани досегашните резултати од истражувањето во рамки на проектот, како и идни решенија и активности кои ќе бидат во фокус на проектот GIVE. Повеќе


Претседателот на Управен одбор на МАСИТ, г-дин Горан Попоски гостуваше во анализа на отворено Студио 1 на 1TV 
31 Октомври 2018

d5137a9a-a10f-47d3-b300-26760fd553ad

Во ИТ секторот во Македонија има околу 12.000 вработени, за кои нема точна бројка колку придонесуваат во домашното БДП, но според некои анализи се проценува дека станува збор за околу 6 до 7 проценти. Лани, пак, имало 1680 регистрирани ИТ компании, а годинава, до овој момент, се повеќе од 2.300. -ИТ инженери нема доволно ни кај нас ни во светот, треба да ги произведеме. Тоа е најбрзо растечката индустрија, со минимална инфраструктура – треба компјутер, интернет и приклучок на струја и веќе извезуваме, вели Горан Попоски, претседател на Управен одбор на МАСИТ. Погледнете го интервјуто во целост на наведениот линк. Повеќе


ИДНИ НАСТАНИ И МОЖНОСТИ


Oбука и сертификација за Microsoft Azure 
19-23 Ноември 2018

e2e07916-8ce8-40a2-a6dc-b301b78ed456

Implementing Microsoft Azure Infrastructure Solutions 
Локација: Скопје Почеток: 19 - 23 ноември (5 дена) | 8:30 - 16:30 часот 
Специјална цена за членки на МАСИТ: 430 ЕУР + ДДВ Цена за други слушатели: 480 ЕУР + ДДВ 
За сите кои се заинтересирани да обезбедат учество на две или повеќе лица во обуката следуваат дополнителни попусти. Во цената на курсот е вклучен и повеќе можности за полагање на официјален Microsoft испит за кои можете да најдете повеќе информации на следните линкови: 
Линк 1 – Линк 2 
Секој слушател по завршување на курсот ќе добие диплома од Microsoft за посетуван курс, а по положувањето на официјалниопот Microsoft испит ќе добие и соодветен сертификат. Повеќе информации можете да најдете на следниот линк, а сите заинтересирани да се пријават до Стефан Додевски (078 296 487) на следниов емаил  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите  најдоцна до 15.11.2018 година. 

 


Oбука и сертификација за Professional Scrum Master 
11-12 Декември 2018

2f4584d0-c2e7-4c10-9f74-13e2844f6032

Professional Scrum Master (PSM) обука и сертификација
Локација: Скопје 
Почеток: 11 - 12 декември (5 дена) | 9:00- 17:00 часот 
Специјална цена за членки на МАСИТ: 400 ЕУР + ДДВ 
Цена за други слушатели: 450ЕУР + ДДВ 
За сите кои се заинтересирани да обезбедат учество на две или повеќе лица во обуката следуваат дополнителни попусти. 
Тренер на обуката ќе биде г-дин Ralph Jocham, а во цената на курсот е вклучен и официјален Scrum Master испит. Секој слушател по завршување на курсот ќе добие диплома за посетуван курс, а по положувањето на официјалниот Scrum Master испит ќе добие и соодветен сертификат. 
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават на следната регистрациска форма, а крајниот рок за пријавување до 30.11.2018.


 Б2Б настан во рамки на проектот Green ICT Development (GIVE) 
12-13 декември 2018 
Хотел TCC Grand Plaza, Скопје

59a17815-2985-4244-b316-c34c81c8a113

Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE ќе се одржи првата Б2Б средба во хотел TCC Grand Plaza, Скопје на 12-13 декември 2018 година. МАСИТ како дел од козорциумот на проектот го организира овој настан каде ќе бидат присутни организации и компании од паметни зелени технологии, ИКТ и автомобилскиот сектор. 
За време на настанот, партнерите од проектот ќе презентираат финален извештај од состаноците на трите Фокус групи во рамки на проектот, кој беа посветени на следните теми: 
• имплементација на меѓу-индустриска соработка (дефинираа можните технолошки решенија за меѓу-индустриска соработка, нови производи, услуги и иновативни процеси) 
• бариери за интернационализација на мали и среди претпријатија 
• потенцијал за интернационализација и заинтересирани трети пазари 
Сите учесниците на настанот ќе имаат шанса да учестуваат во Б2Б средбите, како и да дискутираат: активности, производи, услуги, разговараат за заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот. Присуството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани можат да се го регистрираат своето учество на следниот линк. Повеќе информации за настанот можете да најдете на следниот линк.


info_za_masit
           Webp.net-resizeimage_15           Webp.net-resizeimage_14


МАСИТ е членка на WITSA (Светска Алијанса на Информатички Технологии и Услуги) која е водечки конзорциум во ИКТ индустријата во кој членуваат здруженија од 82 различни држави/економии.

 WITSA_logo

МАСИТ е дел од Balkan and Black Sea ICT Clusters Network заедно со 27 ИКТ асоцијации од регионот и пошироко.

 bbs_ict_logo

МАСИТ е дел од конзорциумот на проектот GIVE заедно со 8 други асоцијации, координиран од Бугарскиот ИКТ кластер како водечкi партнер на проектот.

givr_logo_vol_3 
 МАСИТ е дел од European DIGITAL SME Allianceе, во која членуваат 28 национални и регионални асоцијации и ја претставуваат најголемата мрежа за мали и средни претпријатија во ИКТ секторот во Европа.  Digital_SME



ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48