Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ - КОНФЕРЕНЦИЈА

КОНФЕРЕНЦИЈА за иновативни ИКТ решенија и трендови
27 септември 2017 (среда), хотел „Александар Палас“ - Скопје
www.seeita.org


Banner_Conference_masitПочитувани,
Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на претстојната КОНФЕРЕНЦИЈА за иновативни ИКТ решенија и трендови, која ќе се одржи на 27 септември 2017 (среда), со почеток во 10:30 часот, во хотел „Александар Палас“ – Скопје.

Конференцијата се организира од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТво партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“

Целта на конференцијата е да опфати и дискутира теми и прашања од областа на ИКТ иновациите и во рамки на истата е предвидено:


·         ВОВЕДНА ДИСКУСИЈА на тема: Како компаниите, науката, и државата ефикасно да соработуваат со цел да го подигнат нивото на иновативност во македонските ИКТ компании?, во која свое учество потврдија:

Модератор: Г-дин Илија Господинов, член на Управен одбор на МАСИТГ-дин Драган Чепујноски, претседател на Собрание на МАСИТ

Г-дин Драган Чепујноски, претседател на Собрание на МАСИТ
Г-дин Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација
Г-дин Michael Gould, помошник директор на Секторот за политики за млади, Северна Ирска
Г-дин Јован Деспотовски, директор на Фонд за иновации и технолошки развоj
Проф. д-р Боро Јакимовски, продекан на Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ)
Проф. д-р Димитар Ташковски, продекан на Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
Г-дин Горан Кубелка, технички директор, Неоком

·         Презентација на иновативни ИКТ решенија, трендови и најдобри практики (презентации од ВИП, Неоком, VapourApps, Ендава, Еликософт, ГДИ, Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје)

·         Успешни примери и можности за поддршка на ИКТ иновации во земјата и странство (презентации на: добри практики и искуства од ИКТ секторот во Северна Ирска, Регионален центар за социјални иновации; Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ; Balkan and Black Sea ICT Clusters Network)


АГЕНДА - Повеќе информации за спикерите и темите кои ќе бидат опфатени можете да најдете во агендата.


РЕГИСТРАЦИСКА ФОРМА - Учеството на форумот е бесплатно со задолжителна претходна регистрација.


For ENGLISH VERSION of the invitation & details please use the following LINK.


Овој настан се организира во рамки на МАСИТ ИКТ ДЕНОВИ (26-27.09.2017) во рамки на кој ќе се одржи иФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот, за кој повеќе информации можете да најдете на www.seeita.org.

За сите новости следете го Facebook event-от.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 75 280 506
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

fb_icon_3 Linkdin_icon_2 Insta_icon_2 yt_icon_2 twitter_icon_2

Актуелни Настани

Нема настани