Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан ФОРУМ на МАСИТ ИКТ Денови

Одржан ФОРУМ: Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот
26 Септември 2017 (вторник)

Forum1

На 26ти септември 2017 година МАСИТ во рамки на Проектот на УСАИД – Партнерство за подобра бизнис регулатива го организираше Форумот на тема регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ (информатички и комуникациски технологии) секторот. Целта на овој настан беше да ги претстави главните предизвици во областа на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот во Македонија.


"ИКТ индустријата е еден од најбрзо растечките економски сектори во Македонија. Има огромен потенцијал за вработување и извоз и обезбедува можности за вработување со плати што се двојно повеќе од просекот во Македонија. ИКТ е исто така важен извор навработување на високо образовани млади", изјави г-дин David Atteberry, директор на мисијата на УСАИД Македонија во својот говор.

 

Во своето обраќање Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска истакна дека е исклучителна важна соработката помеѓу коморите и министерството, со цел зголемување на ваботливоста, а со тоа да се допринесе за раст и развој на бизнисите и економијата на ниво на целата држава.

Законот за работни односи е во процес на менување и токму вакви настани и анализи ќе дадат голем придонес за реални согледувања за промените кои треба да се направат во новиот закон. Законот може да биде совршено напишан но доколку ставот на бизнис заедницатане не вклучен во промените кои треба да следат тогаш имплементацијата на одредени законски решенија може да биде неуспешна.  За таа цел соработката помеѓу министерството, коморите и бизнис заедницата е од клучно значење” додаде Царовска.


Forum_2


"МАСИТ како глас и ресурс на ИКТ секторот во Македонија активно се занимава со сите прашања и предизвици со кои се соочуваат ИКТ компаниите во нивните секојдневни бизниси. Овој настан е организиран како одговор на потребите на компаниите за понатамошно подобрување на регулирањето на работните односи со цел да го поддржи растот на нивниот бизнис", изјави г-ѓа Анета Антова Пешева, заменик-претседател на Управниот одбор на МАСИТ.


Во анкета направена во месец септември со поголем број на деловни субјекти, а спроведена од страна на сите партнери во Проектот-првичните резултати укажуваат дека 76% од анкетираните фирми сметаат дека не биле консултирани во процесот на носење на законската регулатива. Како дополнување на ова, на анкета со граѓанските организации спороведена од  Епицентар во месец август, повеќе од 64% од анкетираните организации изјавија дека никогаш не биле вклучени во процесот на носење на законската регулатива. Ова несомнено укажува на потребата за подобрување на процесот на Јавно приватен дијалог, што е и една од клучните цели на проектот - Партнерство за подобра бизнис регулатива”, истакна Љубомир Димовски, шеф на проект на УСАИД-Партнерство за подобра бизнис регулатива.


Целта на конференцијата беше да одговори на тековните предизвици 
поврзани со регулирањето на работните односи кои се специфични за ИКТ секторот, 
и во рамки на истата од страна на експертите беа обработени неколку теми:


  • Регулирање на работните односи во ИКТ секторот (флексибилност на работно време, прекувремена работа, работа од дома, пракси) – Г-дин Јован Најденовски, Правен консултант
  • Плати и надоместоци од работен однос (плаќање на работата, прекувремени часови, работа на празник, распоред на работно време и различните временски зони, надоместоци на трошоци за службен пат, подолг престој во странство, дополнителни исплати/подароци/стимулации/награди на вработените) – Г-ѓа Маријана Андриќ, Финансиски и даночен консултант
  • ИКТ и пазарот на труд: Успешни примери и искуства од регионот (меѓународни регулативи и примери, кодекс за работа на ИКТ работни места, даноци за работни места и работа со ИКТ, ИКТ бизнис асоцијации, деловно опкружување и застапување) – Проф. д-р Krassen Stanchev, Експерт од Бугарија
  • ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА со учесниците на настанот во рамки на кои покрај експертите учество земаа и претставници од Министерство за труд и социјална политика, Државен инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за финансии.


Forum_3 Forum_4 Forum_5

Forum_6


Во наредниот период, Проектот ќе работи на понатамошна обработка и решавање на прашањата кои беа дискутирани на овој настан, а во исто време Проектот ќе работи на конструктивни решенија предложени како резултат на механизмите за јавно-приватен дијалог поддржани преку 
Проектот - Партнерство за подобра бизнис регулатива. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и трите клучни партнери: Стопанската комора на Македонија; Стопанската комора за ИКТ МАСИТ и Стопанската комора на северо-западна Македонија. Преку активно учество во спроведувањето на овој проект, коморите ќе го градат својот капацитет за подобро да им служат на МСП.

 

ФОТОГРАФИИ
Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ
Листата на учесници можете да ја преземете ТУКА


АГЕНДА И ПРЕЗЕНТАЦИИ
(Презентациите можете да ги преземете на http://seeita.org/?odrzan_forum_26.09.2017 преку линкот нa насловот на презентацијата во агендата)

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018