Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржана Конференција на МАСИТ ИКТ Денови

Одржана Конференција на МАСИТ за иновативни ИКТ решенија и трендови

Среда, 27.09.2017

 

Konferencija_1

 

Во рамки на МАСИТ ИКТ денови, најголемиот ИТ настан во државава,  денес (27.09) во Скопје се одржa Конференција за иновативни ИКТ решенија и трендови, на која се дискутираше на повеќе актуелни теми и прашања од областа на ИКТ иновациите во функција на подобар бизнис, живот и развој. На конференцијата која е поделена на мултидисциплинарни три дела,  беше посветено големо внимание на подигнувањето на нивото на иновативноста на домашните ИКТ компании и на кои начини да дојде до подобра соработка помеѓу науката, компаниите и државата за постигнување на таа цел. Домашните компании добија можност да ги презентираат своите иновативни решенија, најдобри практики и трендови на домашниот пазар, а странски и домашни експерти пред присутните споделуваат успешни примери и можности за поддршка на ИКТ иновации во земјата и странство.  

 

“Конференцијата е одлична прилика да се претстават и дискутираат мерките со кои може да се унапредат условите за развој на ИКТ компаниите во земјата и верувам ќе допринесе за зголемување на ангажманот на македонската ИКТ индустрија. Од денешните дискусии може да се заклучи дека очигледна е потребата и желбата на ИКТ компаниите за воведување на иновации и следење на светските трендови, но она што е најважно е фактот дека е потребна покоординирана соработка помеѓу сите чинители и зголемувањето на ефикасноста во остварување на оваа цел.  МАСИТ како стопанска комора за информатички и комуникациски технологии постојано ги следи темите кои се од интерес и значење за нашите компании членки и во наредниот период ќе вложиме уште поголеми напори за продлабочување на соработката помеѓу МАСИТ и ИКТ компаниите со државните органи и образовните институции со цел реализација на конкретни активности и мерки за поттикнување и поддршка на иновативноста на ИКТ компаниите.“, вели Драган Чепујноски, Претседател на Собранието на МАСИТ. 

 

Konferencija_2  Konferencija_3

 

Во првиот дел од конференцијата  обраќање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски кој во своето излагање истакна дека само со меѓусебна соработка на факултетите, индустријата и државата може да се создадат конкретни мерки  за да имаме поголем бенефит од инвестиции во технологиите.

“Основниот чекор треба да го направи државата, да мотивира што поголем број на луѓе да ја бараат својата егзистенција во ИТ индустријата. Оваа индустрија  е еден од клучните механизми за да ги  мотивираме младите луѓе да останат во Македонија,  да студираат тука , да дојдат лесно до вработување и да имаат повисок животен стандарт. Во наредниот период ќе се обидеме да направиме координирана стратегија како да го постигнеме тоа . Во текот на следната година не очекува и отворањето на технолошки парк во земјата”, додаде Манчевски.

 

Помошник директорот на Секторот за политики за млади од Северна Ирска, Мајкл Голд даде голема поддршка на настанот и МАСИТ и нагласи дека само со соработка на Владата, Универзитетите и компаниите ќе може да се постигне голем напредок во унапредување на ИКТ индустријата во земјата и дека токму со таква соработка Северна Ирска успеа да ја развие оваа индустрија.

 

Конференцијата беше организирана од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ во партнерство со Твининг проектот финансиран од ЕУ „Развивање соработка помеѓу високообразовните институции, приватниот сектор и релевантните органи“. Главна цел на проектот е зајакнување на институционалните капацитети на високообразовните институции  и зајакнување на  нивната соработка со приватниот сектор.

На настанот учествуваат голем број на претставници од ИКТ компаниите, државните институции, технолошките факултети, странски и домашни експерти. Главен заклучок од конференцијата е дека токму мултидисциплинарната соработка на академијата, бизнисот и владиниот сектор, во правец на поддршка на изнаоѓање и примена на иновации и технологии ќе предизвика забрзан раст  на ИКТ секторот.

 

ФОТОГРАФИИ

Фотографиите можете да ги погледнете ТУКА

 

ЛИСТА НА УЧЕСНИЦИ

Листата на учесници можете да ја преземете ТУКА

 

 

АГЕНДА И ПРЕЗЕНТАЦИИ

(Презентациите можете да ги преземете на http://seeita.org/?odrzana_konferencija27.09.2017 преку линкот нa насловот на презентацијата во агендата)

 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
Бул. Партизански Одреди број 4
(главен влез на Македонија Сообраќај)
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018