Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

ОГЛАС за ангажман на правно лице

usaid_1

Ве информираме дека во рамки на Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива” објавен е 

О Г Л А С за ангажман на правно лице

Проектот финансиран од УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива”, кој се имплементира од страна на ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во соработка со Стопанска Комора на Македонија, Стопанска Комора на северозападна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори на Македонија, има потреба од ангажман на правно лице за изработка на програма за спроведување на две дводневни обуки и спроведување на обуките наменети за правни субјекти кои имаат овластување за вршење на стручни работи за безбедност при работа, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Заинтересираните кандидати треба да имаат овластување за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа и издавање на сертификат за учество/потврда за бодови, согласно Законот за безбедност и здравје при работа.

Постапката ја спроведува Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје. Средствата предвидени за оваа набавка се обезбедени преку Проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ финансиран од страна на УСАИД. Буџетот за набавката на овој договор е фиксен. Договорот со избраниот понудувач ќе го склучи Друштвото за услуги и трговија ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал ДООЕЛ Скопје.

Временскиот период за извршување на ангажманот е од јануари 2018 година до март 2018 година.

Сите заинтересирани кандидати ги покануваме да аплицираат со испраќање барање за подигање на тендерска докумнетација со назначување на називот на правното лице, седиштето на правното лице, ЕМБС на правното лице и лице овластено за застапување.
Барањето да се достави преку електронска пошта најдоцна до 26.12.2017 година 16:00 часот (по локално време) на следната електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

На сите заинтересирани кандидати кои ќе го достават барањето за подигање на тендерска документација, ќе им биде доставена тендерската документација заедно со техничките спецификации.
Сите прашања поврзани со оваа постапка исклучиво треба да се доставуваат по електронски пат на истата електронска адреса.

 

Oglas_-_USAID_2

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

Nastani_slikice