Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Проектот на УСАИД - „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ повторно започнува со серија информативни настани

 

 

 

logoa_gore

Во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ во периодот од 25 јануари до 10 јули 2018 година ќе се реализираат серија информативни настани за детална презентација на тековните прописи и законските барања кои се однесуваат на микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија. Темите за овие инфо сесии произлегоа од претходно истражување кое стопанските комори го реализира помеѓу компаниите, а тоа се: 
*Работни односи
*Даноци
*Животна средина
*Пазарна инспекција
*Земјоделие
*Лиценци за угостителска дејност

Ќе се реализираат 20 информативни сесии во 15 градови: Куманово, Тетово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Струга, Охрид, Струмица, Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија, Дебар, Неготино и во Скопје, со што ќе бидат покриени сите плански региони во земјата. Информативните сесии ќе бидат одржани со присуство на докажани експерти од овие области, кои ќе бидат достапни за дискусија во текот на настанот. Во рамките на Проектот пет клучни сектори - земјоделие, текстил, градежништво, ИКТ-технологии и туризам ќе бидат детално опфатени во анализите на законската регулатива.

Освен информативната цел на настаните, истовремено тие ќе претставуваат и можност за да се соберат значајни податоци за најголемите проблеми на малите и средните претпријатија во овие области. Ова искуство на компаниите добиено од прва рака ќе се искористи како материјал за организирање други целни активности во рамките на Проектот и за да се направат напори за подобрување на јавно-приватниот дијалог во земјата во претстојните години во кои ќе се спроведува Проектот.

Полесно имплементирање на законите и јакнење на јавно-приватниот дијалог се во крајна линија и главните цели на четиригодишен проект со кој прв пат, во насока на донесување подобра бизнис-регулатива, капацитетите ги здружуваат Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) и Сојузот на стопански комори на Македонија.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

РАСПОРЕД НА ИНФОРМАТИВНИ НАСТАНИ (25.01-10.07.2018)


logoa_dole

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

MASIT_Novogodisna_zabava_2018