Интервјуа со вработени во компанијата АССЕКО СЕЕ во рамки на Проектот за преквалификација на ИКТ кадри

 

 


Во периодот помеѓу месец април и септември, МАСИТ со поддршка на УСАИД/РЕГ проектот и соработка со Seavus Education & Development Center го спроведе проектот за преквалификација на ИКТ кадри во рамки на кој кандидатите имаа можност да се пријават и да се пре-квалификуваат во два профили - .NET developer и Front End Web Developer. Обуката успешно е завршена од стрaна на вкупно 38 кандидати во рамки на која имаа можност да се преквалификуваат со цел да стекнат одредени други вештини, знаења и практично искуство кои се потребни на ИКТ компаниите со што би потенцијално и би се вработиле во ИКТ компаниите.

Natasa_i_dejan

Ви пренесуваме успешна приказна во рамки на Проектот, односно се работи за кандидатот Дејан Пеески кој максимално ги искористи стекнатите вештини и знаење од обуката. Тој успешно ја помина практичната работа во компанијата АССЕКО СЕЕ и ја продолжи својата кариера со нова професија во ИТ светот.

Подолу во целост можете да ги прочитате интервјуата со Дејан и Наташа Костојчиноска Дамјанска, кои со задоволство го пренесуваат своето искуство, предлози и став за спроведениот проект.

Интервју со вработена - Наташа Костојчиноска Дамјанска, senior HR specialist, АССЕКО СЕЕ

1. Како го цените во моментов пазарот на трудот, во сегментот на ИКТ кадри?

Пазарот на трудот во ИКТ секторот е многу динамичен и глобален. ИКТ индустријата овозможува работење за било кој работодавач во било кој дел на светот, било да е како freelance или во некоја интернационална компанија . Оваа глобализација наметна подигнување на стандардите за работа во оваа индустрија кај нас, се отворија нови работни места и невработеноста драстично се намали.

Тоа од друга страна предизвика недостаток на работна сила , па работодавачите се принудени на различни начини да дојдат до работна сила. Со овој проект се отвори можност, кадри кои се од другите индустрии да се преквалификуваат и да станат дел од ИТ индустријата што пак е позитивни за сите страни. 

Natasa

2. Кои јазови на пазарот на трудот се покриени со проектот за рекфалификација?

Потребата за програмери е најголема и токму затоа проект за преквалификација е насочен кон остручување на два високо - побарувани профили: NET developer и Front End Web Developer.

Со овој проект го покри првиот дел на преквалификацијата – обука за основни технички познавања, додека вториот дел е концентриран кај работодавачите кои понатаму треба да ги обучат овие кадри за потполно нивно вклопување во работниот процес. Сметам дека проектот е добро конципиран и веќе носи видливи резултати.

3. Дали сметате дека проектот за рекфалификација на кадри ги постигна зацртаните цели?

Да, ние вработивме едно лице кое учествуваше во овој проект и сме задоволни од придонесот кон АССЕКО СЕЕ.

4. Соглано проценките на движењата на ИТ пазарот во Македонија, дали има потреба од продолжување на проектот и во кои правци?

Да, има потреба, секако од програмери на пример java developers, web developers android /iOS developers. 

Интервју со ново вработениот Дејан Пеески, Помлад Програмер, АССЕКО СЕЕ

1. Опишете го накратко вашиот кариерен пат од образование до сегашното вработување?

По занимање сум професор по математика, имам завршено Природно математички факултет - Институт за математика, наставна насока. После завршувањето на факлутетот се вработив во Државен Завод за Статистика, каде работев девет години во Оделение за статистички и математички методи и квалитет на статистички податоци. За време на моето работење во ДЗС имав можност да го усовршувам моето знаење во областа на статистиката присуствувајќи на голем број на конференции, курсеви, и студиски посети. Аплицирав за учество во проектор за рекласификација на кадри и после спроведените интервјуа бев одбран да учествувам во групата за .NET Developer, каде успешно ги завршив курсевите за Basic C#, Advanced C# и MVC. Бев повикан на интервју во АССЕКО СЕЕ, каде започнав да одам на пракса, и од нивна старна после праксата ми беше понудено работно место.

2. Кои беа мотивите за вклучување во проектот за рекфалификација?

За проектот на рекфалификација слушнав случајно на реклама на радио. Решив да се пријавам поради тоа што имав амбиции за повеќе, не само финансиски, туку сметав дека тековите на глоблниот пазар се  во насока на доминација на ИТ професиите што беше дополнителен мотив.  Проектот за рекфалификација на кадри ми остави одличен впечаток, како од  организациски, така и од стручен аспект. Сите лекции беа концизни, добро припремени и теоретски и практично. Предавачите успеаа да ја постигнат својата цел, беа достапни за време на целиот проект, а домашните задачи и вежби беа доста корисни за усовршување на тематиката.

dejan_2 

3. Вие сте во моментов квалификуван .NET developer. Како го оценувате проектот за рекфалификација низ призма на ваше професионално подготување со оглед на тоа што сменивте професија?

Проектот за рекфалификација на кадри во целост ги исполни моите очекувања. Успеа да не воведе во програмирањето, почнувајќи од основата, па се до подетално запознавање со C# и MVC. За да се заврши успешно оваа рекфалификација битно е да се биде посветен, да се посетуваат редовно часовите, како и  континуирано да се изработуваат вежбите и задачите дадени од предавачите. По завршување на часовите и обуката следуваше изработка на тимски проект кој беше презентиран пред претставници од повеќе фирми членки на МАСИТ. Резултатите од тестирањето и впечатокот кој го оставивме презентирајќи ги проектите, беа основа за понуда на практиканство кај одредени фирми. АССЕКО СЕЕ беше една од фирмите кои беше заинтересирана за мене и ми понуди практиканство, кое беше основа за моето вработување во оваа фирма. Моментално сум вработен како помлад програмер во Business Intelligence одделението.

4. Како и со која динамика се интегриравте професионално во АССЕКО СЕЕ?

АССЕКО СЕЕ како една од водечките компании во ИТ сферата во Македонија, дава можност на своите нововработени од самиот почеток да се чуствуваат како дел од тимот и да бидат соодветно и секојдневно обучувани за својата работа. Тимот со кој работам е одличен, веднаш ме прифати, работиме заеднички, лесно и без проблем го пренесуват своето знаење. Иако сум кратко време во оваа компанија, сметам дека до сега со доста брза диманика успевам да се интегрирам професионално.

5. Кои се вашите препораки за продолжување на проектот за прекфалификација во иднина и во кои правци и професии?

Проектот за рекфалификација на кадри нуди можност за здобивање на знаења и вештини за професија од ИТ сферата, која во моментот е една од најбараните на пазарот на трудот и со тоа дава можност за вработување на солидни позиции. Земајќи ја во предвид тековната стапка на невработеност на малдите, вакви и слични проекти е потребно да се организираат и во иднина и тоа во области за кои компаниите имаат најголема побарувачка. На овој начин би се спречил и одливот на млади работоспособни кадри од државата.