Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

IT Hub Connect 2018

IT_hub_connect1

На 26-27 март 2018 година во Sofia Tech Park, Софија, Бугарија, ќе се одржи конференцијата IT Hub Connect 2018, со цел воспоставување на заедничка платформа за интеракција и соработка. Конференцијата е во организација на Indian-Bulgarian Chamber of Commerce, American Chamber of Commerce in Bulgaria, Bulgarian Presidency of the Council of the EU и Embassy of India in Bulgaria и се одржува со цел да ги зајакне врските помеѓу ИТ индустриите од Југоисточна Европа, Индија и САД.

На конференцијата ќе учествуваат над 250 учесници, вклучително и државни институции, високи извршни директори и нови компании од Балканот, Индија и САД, кои ќе можат да дознаат повеќе за деловните предизвици и можности фокусирани на четири главни теми: иновации, инвестиции, регулативи и Cybersecurity.

На база на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и Бугарската асоцијација за информатички технологии (БАИТ), за членките на МАСИТ е обезбеден попуст за присуство на конференцијата.  Цената за учество со попустот изнесува 220 евра за разлика од регуларната цена за учество на настанот која изнесува 350 евра + ДДВ.

Доколку сте заинтересирани за присуство на конференцијата пријавете се на следниот линк https://ithubconnect.com/#register.

Дополнителни информации за конференцијата, како и агендата можете да погледнете на веб страната на конференцијата www.ithubconnect.com.

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48