Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан е вториот состанок на Фокус групата во рамки на Проектот GIVE

 

42128113_1587179851387275_3476870803155320832_o

Во рамки на проектот Green Ict deVElopment (GIVE) се одржа вториот состанок на Фокус групата посветена на бариери за интернацинонализација. Состанокот беше одржан во Технолошкиот парк во Софија, Бугарија на 19-20 септемви 2018 година.

Главна активност и цел на состанокот беше да се создаде заедничка база на знаење за интернационализација и маркетинг меѓу Кластерските здруженија и малите и средни претпријатија. Целта се постигна преку неколку последователни чекори:

- Идентификација на клучните области за интернационализација и поврзани под-области,
- Идентификација и приоретизација на главните бариери поврзани со секоја клучна област и под-области,
- Дефинирање на потенцијални акции, интервенции кои можат / треба да се преземат за да се надминат најкритичните бариери.

Во рамки на идните активности на проектот е предвиден уште еден состанок на Фокус групата, кој ќе се одржи во во Крагуевац, Србија на 30-31 октомври 2018 година.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје, Македонија
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48