Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Вториот Б2Б настан во рамките на GIVE проектот беше одржан во Тирана, Албанија

 


give_albania

Вториот Б2Б настан во рамките на Green ICT Development (GIVE) проектот беше одржан во Protik ICT Center во Тирана, Албанија на 21-22.02.2019-та година. Настанот беше организиран од страна на AITA (Albanian ICT Association) каде повеќе од 40 луѓе: партнери во проектот, претставници на организации и компании од ИКТ секторот, автомобилскиот и green tech секторот кои доаѓаат од 6 различни држави присуствуваа на настанот. Главната цел на настанот беше вмрежување на национално и регионално ниво помеѓу компаниите.

Настанот го отвори г-дин Dritan Mezini, Извршниот директор на AITA Албанија како партнер во проектот и домаќин на настанот. Исто така на отварањето г-ѓа Romina Kostani од NAIS (Национална агенција за информатичко општество во Албанија) ја претстави е-Albania, како корисна алатка за граѓаните и бизнисите, воедно на отворањето се обрати и г-дин Genc Celifrom AIDA (Агенција за инвестиции и развој во Албанија). Подоцна за време на настанот г-ѓа Ana Naydenova, извршен директор на ИКТ кластерот во Бугарија и г-дин Andrei Keleman, извршен директор на ИКТ кластерот во Клуж го презентираа проектот GIVE и проектните активности.

give_albania_2

Г-динот Samir Baci зборувашево втората сесија на настанот на тема:AI in Automotive Industry, кадего пренесе своето искуство како водечки истражувачки инженер и проектен менаџер за автоматизација на возилаво Volvo Group AB. Настанот беше пренесуван во живо преку повеќе видеа кои се достапни на the Tirana Last Mile YouTube каналот. Бидете во тек со сите активности во рамките на GIVE проектот, преку официјалната Facebook страна и LinkedIn група на проектот. Следниот Б2Б настан ќе биде организиран на 16-17.04.2019-та година во Рига, Латвија.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1