Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Информативен настан на тема „Заштитата на лични податоци”

 

ALexandar_2

Би сакале да ве поканиме на информативниот настан на тема „Заштитата на личните податоци како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот”, кој ќе се одржи во среда06.03.2019 година во хотел Епинал, Битола, од 11:00 часот до 14:00 часот и во четврток, 07.03.2019 година во хотел Alexandar II (ул. Васил Главинов бр.3, Скопје) од 10:00 часот до 14:00 часот.

 

Целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба во поглед на регулативата од делокругот на работа на Дирекцијата за заштита на личните податоци, како еден од носечките органи со надлежности во поглед на надзор согласно одредбите од Законот за заштита на личните податоци и орган кој директно ја цени законитоста на обработката на личните податоци.

 

Дополнително, овој настан има за цел поблиску да ги запознае присутните со процедурите за заштита на приватноста на податоците преку давање насоки, како и мислења во согласност со законските прописи, со цел низ дискусија со приватниот сектор и низ процес на јавно приватен дијалог да се иницираат конкретни решенија кои ќе обезбедат поефикасна контрола над пазарот и воедно креирање на предвидливо деловно опкружување за компаниите.

 

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива.

Присуството за овие два информативни настан е бесплатно.

 

Доколку сте заинтересирани за информативниот настан во Битола на 06.03.2019 година, Вашето присуство потврдете го на следниот линк или на телефонскиот број 075 280 507, најдоцна до вторник05.03.2019 година.

Агендата за настанот во Битола може да ја видите на следниот линк

 

Доколку сте заинтересирани за информативниот настан во Скопје на 07.03.2019 година, Вашето присуство потврдете го на следниот линк или на телефонскиот број 075 280 507најдоцна до среда06.03.2019 година.

Агендата за настанот во Скопје може да ја видите на следниот линк

 

 

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48

Актуелни настани

traicon_1