Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Одржан настан „Заштита на личните податоци” во Битола


Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори во земјата (Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северо-западна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија), одржа информативниот настан на тема „Заштитата на личните податоци како едно од приоритетните прашања во функционирањето на бизнис секторот
”.

53204918_1220086211477870_2863837897520316416_n

На инфо-сесијата во Битола на 06.03.2019 година се отвори темата за сензибилноста на заштитата на личните податоци и директното влијание на секоја компанија, како и поединечно на секој вработен кој располага со податоци, заштитени со закон.

53786389_656243484807442_7654667959641571328_n

Од друга страна, дополнително се наметнува прашањето за влијанието на Европската регулатива врз националното законодавство и хармонизацијата со истото во областа на заштитата на личните податоци. Затоа подетално се дебатира и ќе се дебатира за прашањата како компаниите да останат доследни и усогласени со регулативата, особено кога постои тренд на посилни санкции, потоа колку може Република Северна Македонија да ги следи новитетите во заштитата на сензитивните податоци, и како приватниот сектор ќе одговори на предизвикот.

ПАТРОН ЧЛЕН

logo_1

 

Поддржувачи

Vip-MASIT-200x135px

neotel

 

Контакт информации

Стопанска комора за информатички
и комуникациски технологии
ул. „Коста Веселинов“ бр. 6, влез 1, спрат 1
1000 Скопје
тел. 389 75 280 507; 389 78 296 487
е-маил: contact@masit.org.mk

Поврзување

color-facebook-48  color-linkedin-48  color-instagram-48  color-youtube-48  color-twitter-48