2.01.2020

Дуна

Веќе трета деценија ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна во раните 90ти години, технологијата да биде присутна во сите сегмнети на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено делување. Ги следиме светските IT треднови, но истовремено пласираме и сопствени иновативни идеи во кои неизмерно веруваме и со тоа успеавме да станеме препознатлив бренд кој според многумина е IT трендсетер во регионот.
Целосно сме фокусирани на тоа преку успешни проекти и корпоративни решенија да сме незаменлив дел во бизнис секторот, но и столб и поддршка на работењето на институциите. Истовремено преку бројни еколошки и филантропски акции посветени сме и на издигнување на глобалната свесност за општествна одговорност.

Визија


Визијата на Дуна е да стане препознатлива компанија, која ќе обезбеди најнови технолошки достигнувања на сите свои корисници, ќе изгради со нив стабилно партнерство и ќе постигне највисоки стандарди за општествено делување.

Мисија


Дуна ќе изгради средина за развој на информатичката технологија, ќе понуди иновативни производи и решенија и ќе ги предизвика сите вработени кон неприкосновен квалитет и вредности за своите корисници. Нашите постапки ќе обезбедат освојување на интернационалниот пазар и постојано зголемување на профитот, а во насока на континуиран раст на компанијата.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит