19.11.2019

ИНКОМ ЕРП

ИНКОМ ЕРП Е IT УСЛУЖНА КОМПАНИЈА. СО НАПОРНА РАБОТА, ГОЛЕМО ИСКУСТВО И ПОСВЕТЕНОСТ РАБОТИМЕ ЗА НАШИТЕ КОРИСНИЦИ.
Имаме изградена репутација за квалитетни услуги применувајќи го нашето знаење и искуство во имплементација на ERP софтвер, е-комерц решенија и секаква помош на нашите корисници во справување со проблемите во користење на различни софтверски програми или ИТ технологија. Нашите експерти имаат долгогодишно искуство со ИТ технологија и имаат учестувано во повеќе стотина проекти во Македонија и во регионот. Нашето искуство е во функција на подобрување на перфомансите на Вашето работење.
InCom е десна-рака на своите корисници. Од избор на соодветно софтверско решение согласно потребите и проблемите, преку консултации за подобрување на деловниот процес и совети за подобра интерна организација, па се до промена на интерните работни процедури. Нашиот тим наместо консултации, дава конкретни решенија и работи заедно со корисниците на спроведување на овие цели. Ние сме дел од тимот на нашите корисници. Живееме во информатичко општество, каде примената на информационата технологија веќе не е прашање на избор, туку прашање на постоење. Корисниците на InCom се компании на кои им е потребен искусен и доверлив тим, кој ќе им помогне во подобра примена на технологијата во работењето.
InCom пружи ефективна ИТ поддршка преку избор на соодветни софтверски решенија, нивна успешна имплементација, како и преку поддршка во користењето. Но, најначајно од се, ги подобруваме интерните работи процедури преку употреба на информациона технологија.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит