Iskratel Скопје, е член на групата Искрател, главен снабдувач на решенија за комуникации во Република Македонија и водечки системски интегратор за дизајнирање, имплементација и одржување на решенија за дигитална трансформација за телекомуникациите, транспортот, јавната безбедност и енергетската индустрија.
Во 2016 година го основавме ИТС Центарот за софтвер, оддел за истражување и развој како еден од трите главни центри за истражување и развој на групата Искрател, кој стана важен член на нашето семејство. Канцелариите на ИТ Искрател и ИТС Софвер Центар се наоѓаат во центарот на градот Скопје.