Основана во 2008 година, IWM Network има едноставна идеја да им помогне на брендовите и компаниите подобро да го разберат и поефикасно да го искористат дигиталниот свет кој постојано еволуира.
IWM Network работи според модел на дигитална холдинг агенција со портфолио на бизниси кое вклучува неколку брендови, компании и стратешки партнерства: наградуваната креативна агенција „Glitch“, хостинг провајдерот „XO Cluster“, најголемиот македонски портал за ИКТ „IT.mk“ и лабораторијата за истражување и развој на ИТ безбедноста „Zero Science Lab“.
IWM Network размислува иновативно, ризикува интелигентно, создава со посветеност и остава квалитетот на проектите да зборува за компанијата.
Постојано соработувајќи и со мали и со големи играчи, IWM Network вбројува индивидуалци, мали претпријатија, големи корпорации, други агенции, владини и невладини организации, бендови, училишта, универзитети, медиуми и многу други ентитети во листата на клиенти.