Искусете експертски излагања од врвни говорници,
нови можности за соработка и вмрежување
со повеќе од 500 учесници на јубилејната 20-та годишна конференција на МАСИТ.
Зошто оваа година е посебна?
Во изминатите 20 години, традиционалната годишна конференција на МАСИТ ја следеше и обликуваше трансформацијата на ИКТ – од широкопојасен интернет и 3G, до мобилни апликации, cloud услуги, big data и дигитална трансформација. Го следевме развојот на blockchain, IoT, 5G и интелигентни системи, сè до денешната ера на генеративна вештачка интелигенција и интегрирани дигитални екосистеми. Оваа година, нашето знаење и искуство се спојуваат во еден живописен мозаик – одраз на минатото и визија за иднината на иновациите.



