Средба со Министерот за дигитална трансформација

22. 06. 2025г.

Поставени заеднички приоритети

Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората, како и за усогласување на приоритетите и визиите за натамошен развој на ИКТ-секторот во земјава. Министерот Андоновски упати искрени честитки до новоизбраните членови на Управниот одбор и Претседателот на МАСИТ, нагласувајќи ја важноста на континуитетот и досегашната работа на комората како релевантен и активен партнер на институциите. „МАСИТ е одличен пријател на Министерството за дигитална трансформација и така ќе продолжиме и во иднина“, истакна министерот, додавајќи дека заедничките активности ќе продолжат со засилен интензитет во областите како што се дигитализацијата, економските потенцијали на технологијата, модернизацијата на јавните и приватни процеси, развојот и примена на вештачката интелигенција и зајакнувањето на капацитетите за сајбер безбедност. Од страна на МАСИТ беа истакнати главните приоритети на новото раководство – создавање предуслови за одржлив раст на ИКТ-индустријата, подобрување на бизнис климата, поттикнување на извозот и интернационализација на домашните ИКТ-компании, како и системска поддршка за дигитални вештини и човечки капитал. Двете страни ја потенцираа важноста од блиска и транспарентна комуникација, навремена размена на информации и иницирање на конкретни мерки и политики што ќе дадат реални резултати за бизнисите, институциите и граѓаните.

Средбата претставуваше потврда за заедничката заложба за изградба на дигитално зрело, отпорно и конкурентно општество – цел што бара заедничка работа, партнерство и визија.

Новости

Новости

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Средба со Министерот за дигитална трансформација

Поставени заеднички приоритети Управниот одбор на МАСИТ реализираше продуктивна средба со Министерот за дигитална трансформација, г. Стефан Андоновски. Средбата беше одлична можност за продлабочување на соработката помеѓу министерството и комората,

22. 06. 2025г.

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ одржа стручна работилница на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

Во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, на 28 мај се одржа специјализирана работна средба на тема „ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“, со фокус на клучните предизвици со кои се соочува ИКТ секторот во однос на регулативата, човечкиот капитал и технолошките промени.

30. 05. 2025г.

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

„ИКТ, Регулатива и Човечки Капитал“

МАСИТ организира специјализирана работна средба посветена на актуелните предизвици поврзани со примената на Законот за работни односи (ЗРО) во ИКТ индустријата. Настанот ќе се одржи во просториите на нашиот патрон партнер Халкбанк – Дирекција 2, каде што ќе се отвори продуктивна дискусија со релевантни претставници од институции, универзитетски професори и бизнис заедницата.

19. 05. 2025г.

Scroll to Top