Ви благодариме!

Ќе ве контактираме наскоро

Биди и ти дел
од Масит
Услови за прием во членство

РЕДОВНОТО ЧЛЕНСТВО во Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ е отворено за македонските компании кои се занимаваат со производство, промет и услуги во полето на информатичките и комуникациските технологии, односно имаат: регистрирано претежна дејност од пошироката област на ИКТ; седиште во Република Македонија; регистрирана дејност над една годинa; е активно во правниот промет; не е во постапка на стечај, ликвидација или присилно порамнување кое води во стечај или ликвидација; и не му е изречена мерка забрана за вршење на дејност.

Потребни документи за аплицирање за членство:

Документите се доставуваат во канцеларијата на МАСИТ или на contact@masit.org.mk.

Сите оние компании и организации/институции кои немаат примарна дејност од областа на ИКТ можат да се зачленат како ПРИДРУЖНИ ЧЛЕНКИ (членство кое по однос на правата и обврските е изедначено со редовното членство со исклучок на правото на членување и глас во телата на МАСИТ), односно: Меѓународните компании и општо признати брендови од областа на ИКТ кои немаат регистрирано субјект со статус на правно лице со седиште во Република Македонија, но имаат локален претставник или лице за контакт; Образовните институции од Република Македонија (универзитети, факултети, средни училишта); правните лица од Република Македонија чија претежна дејност не е од областа на ИКТ, можат да станат придружни членови во МАСИТ, доколку имаат активности во своето работење кои имаат допир и се од полза на ИКТ индустријата.

Секое зачленување го одобрува Управниот Одбор на МАСИТ.

Сите информации во однос на зачленувањето и членството во МАСИТ можете да ги најдете во документот ИНФОРМАЦИИ И УСЛОВИ ЗА ЧЛЕНСТВО во Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ .

Доколку сте заинтересирани за членство пополнете го формуларот подолу по што ќе бидете контактирани за понатамошните чекори.

Членарина
Информации за членарината. Pdf документ
Станете член

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит