за Mасит

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ ја претставува Македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис опкружувањето.

Комората ги претставува компаниите кои работат со широк спектар на ИКТ производи и услуги во Македонија и од своето основање во 2000 година, како непрофитна и волонтерска институција, на своите компании членки им овозможува пристап до информации, едукација, правни совети, соработка, вмрежување и промоција на домашно, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.

МАСИТ соработува регионално и интернационално со други организации и асоцијации. Региoнално МАСИТ соработува со сите ИКТ Асоцијации од регионот на ЈИЕ (Југо-Источна Европа), и е член на Balkan and Black Sea Cluster Network. Интернационално МАСИТ e членка на World Information Technology and Services Alliance – WITSA (www.witsa.org) од мај 2005. МАСИТ има одлична соработка со донорските организации присутни во државата.

 

Визија:

МАСИТ да овозможи раст на македонскиот ИКТ бизнис, негова препознатливост и имиџ како во земјата така и во странство, како и унапредување на македонската економија и просперитет со посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија.

 

Mисија:

МАСИТ е гласот и ресурсот на конкурентниот ИКТ сектор, поддршка на економијата базирана на иновации и клучен фактор за просперитет на нацијата.

 

Цели:

Следните цели се воспоставени за да се постигнат наведените визија и мисија, да се задоволат потребите и интересите на компаниите членки како и да се проши членство во МАСИТ:

  • Јавен дијалог – да се зајакне препознатливоста на МАСИТ и неговата улога во развојот на ИКТ законодавството, политиките и правилата на пазарот преку заштита и застапување на интересите на ИКТ бизнис заедницата.
  • Конкурентност – да се зголеми конкурентноста на членовите преку градење на капацитети, поттикнување на иновациите, доживотно учење, како и сертификација на компании и квалификација на човечки ресурси.
  • Соработка и вмрежување – да ја поддржи соработката и вмрежувањето на ИКТ компаниите во земјата, регионално и на меѓународно ниво преку настани, проекти, партнерства, конкурси, признанија и награди. Да се изгради и да се зајакне мрежата на МАСИТ со препознаени организации во насока на подобрување на брендот на Македонската ИКТ индустрија, нејзината препознатливост, имиџот и репутацијата.
  • Извозни капацитети – да го поддржи извозот преку подобрување и промоција на извозните политики; меѓународно брендирање и позиционирање; промовирање на кластери и соработка; зајакнување на извозни способности и знаења; поттикнување на квалитетот и извонредноста на компанијата со крајна цел да се воспостави Македонија како препознатлив бренд за специјализирани, високо квалитетни аутсорсинг услуги и софтверски производи.
  • Одржливост – постојано да ги подобрува своите финансиски и организациски операции и да се воспостави МАСИТ како признаена и професионална организација, преку иновативно, ефективно и ефикасно управување и лидерство со цел да ја исполни својата визија и мисија.

Пријави се за нашиот newsletter

и добивај информации од Масит